Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
20 септември 2019
Со одржувањето на првата регионална работилница со претседателите на советите на општините од Пелагонискиот регион на 18 септември, 2019 во Општина Ресен, ЗЕЛС отпочна со организација на низата на работилници со претседатели на совети од општините. Како што подвлече директорката на ЗЕЛС, Душица Перишиќ пред присутните претседатели на совети од општините од Пелагонискиот регион, целта на овие работилници е поконкретно запознавање со активностите на Комитетот на Советите при ЗЕЛС, со можностите за јакнење на капацитетите на советниците во рамките на ЗЕЛС Тренинг центарот, како и за утврдување на предизвиците и потребите на советниците кои понатаму би се адресирале во вид на заклучоци и препораки до Комитетот на Советите и останатите тела на ЗЕЛС и релевантните институции.
18 септември 2019
Заедницата на единиците на локалната самоурпава – ЗЕЛС Ве поканува на 19 септември, 2019г. (четврток) со почеток во 10.30 часот да ја проследите завршната Конференција “Поддршка на локалните самоуправи на РСМ во промоција на одржлива урбана мобилност”. Конференцијата ќе ја отворат Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС, Давид Оберхубер, регионален директор на ГИЗ и претставник на Министерството за животна средина и просторно планирање. Конференцијата ќе се одржи во просториите на ЗЕЛС, на ул.Копенхагенска 5, Скопје (Тафталиџе2).
18 септември 2019
Заедницата на единиците на локалната самоуправа-ЗЕЛС оствари средба со Карл Хајнц Ламберц, претседател на Комитетот на региони на Европската Унија (КоР). Делегацијата во состав Петре Шилегов, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, и Благој Бочварски, градоначалник на Штип и ко-претседавач на Заедничкиот консултативен комитет со ЕУ, ги претставија најновите активности преземени за продлабочување на процесот на децентрализација во земјата. За постигнување резултати, како што рече Шилегов, ЗЕЛС и Владата имаат интезивни средби на договарање на различни нивоа, каде основната позиција на ЗЕЛС е дека преземањето дополнителни надлежности на локално ниво треба соодветно финансиски да биде поткрепено од власта.
4 септември 2019
Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија, во рамките на проектот „ЛоГов“, во периодот април – август, оваа година, беше домаќин на двајца докторанти од Полска и по еден докторант од Аргентина и од Италија. Секој од нив, во период од триесетина дена имаше можност секојдневно да ги следи активностите на ЗЕЛС и да ги прошири своите научни сознанија за организацијата на локалната власт во нашата земја, за процесот на децентрализација и за искуствата од неговата имплементација. Тие имаа можност да учествуваат на работилници, обуки и конференции што ги реализираше ЗЕЛС во овој период, при што некои од нив посетија и одредени општини. Овој студиски престој беше двострано исползуван, на начин што докторантите ги презентираа моделите на организирање и учество на граѓаните во процеси на градење на локалните политики и донесувањето на одлуки од локално значење, што се применуваат во нивните земји, пред стручната служба на ЗЕЛС и пред дел од општинската администрација.
4 септември 2019
На 11 и 12 септември, 2019 година во Скопје, во „City Hall Center“ ќе се одржи хакатон „Иновативна трка за решавање на предизвиците!“ на кој се поканети претставници од локалната власт и претприемачи и компании од земјата. Хакатонот се реализира во рамките на проектот „Подобрување на општинското управување“, што го спроведува УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, што е финансиски поддржан од Европската Унија.

Погледнете во нашата архива на вести
Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.