ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава

Вести


10 јануари 2019
Во овој број на Гласилото на ЗЕЛС содржани се активности и настани на кои се изнесени значајни ставови на ЗЕЛС . На 14 декември, 2018 година, во Скопје беше одржана третата седница на Генералното собрание на ЗЕЛС на која делегатите укажаа на потребата од преиспитување на сегашните позиции на локалната власт, пред сè на надлежностите што подеднакво ги имаат сите општини и на висината на финансиските средства за нивно спроведување. Целта е да се утврдат најповолните чекори за натамошниот развој на процесот на децентрализацијата во земјава. За обезбедување на поголема финансиска стабилност на општините, повторно беа нагласени барањата на ЗЕЛС за зголемување на: зафаќањето од ДДВ на 10 %, од персоналниот данок на 50% и на средствата во сите блок дотации. На седницата делегатите едногласно ги усвоија и акцискиот план и буџетот на ЗЕЛС за 2019 година. Истиот ден, пред одржувањето на седницата на Генералното собрание, ЗЕЛС со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во нашата земја, организираше конференција насловена „Децентрализација: патот што претстои“. Станува збор за средба на локалната со централната власт
27 декември 2018
ЗАЕДНИЦАТА НА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- ЗЕЛС, ВИ ЈА ЧЕСТИТА НОВАТА 2019 ГОДИНА И ВИ ПОСАКУВА ДОБРО ЗДРАВЈЕ, УСПЕХ и ПРОСПЕРИТЕТ ВО РАБОТАТА
25 декември 2018
Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух се состои од 17 мониторинг станици и една мобилна, кои вршат мерења на SO2, NO, NO2, NOX, CO, O3, PM10, PM2.5 и на тешки метали. Врз основа на долгорочната оценка на квалитетот на воздухот, концентрациите на суспендираните честички (PM10 и PM2.5), многу често ги надминуваат утврдените граници за заштита на човековото здравје. Емисиите со екстремно високи концентрации на PM10 се евидентирани во зимскиот период, при повеќедневна стабилна атмосферска состојба со што емитираните загадувачки супстанци се акумулираат во долините, при намалено струење на атмосферата, што се должи на пролонгиран период без ветер и појава на температурна инверзија, како и при локални извори на емисија (сообраќај, затоплувањето на домаќинствата и работата на индустриските капацитети). Мерните станици досега покажуваат дека ПМ10 честичката е најкритична загадувачка супстанца во Република Македонија. За намалување на загадувањето е потребен „интегриран пристап“ во имплементација на мерките за заштита и подобрување на квалитетот на воздухот, одржливо финансирање и подигање на јавната свест. Ова беше дел од презентацијата на стручните лица од Министерството за животна средина и просторно планирање изнесена на работилницата, што ЗЕЛС тренинг центарот ја организираше за членовите на Мрежата за животна средина при ЗЕЛС, на 18 декември, 2018 година.
21 декември 2018
Првата координативна средба на Работната група за финансирање и буџет, составена од 23 претседатели на општински совети се одржа на 20 декември, 2018 година, во Скопје. Станува збор за една од седумте работни групи, чии членови ќе ги надградуваат своите знаења за надлежностите на општините, за кои општинскиот совет донесува одлуки, меѓу кои се од областа на урбанизмот, локалниот економски развој, еднаквите можности и друго Овие групи се формирани во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети“, што го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со ЗЕЛС, со Здружението на финансиски работници, UN Women, МЛС и МФ, а со финансиска поддршка на Швајцарската Агенција за соработка и развој.
17 декември 2018
-„Радува фактот што Владата на Република Македонија ја стави децентрализацијата како еден од поважните приоритети во своето работење. Тоа сериозно не охрабрува, особено што слушнавме на Конференцијата дека ќе бидат преземени и конкретни чекори за финансиска поддршка на општините. Но, во изминатиов период локалната власт беше ставена на колена, во очајна состојба и за нејзино опоравување навистина се потребни сериозни и големи чекори. Потребни ни се поквалитетни услови за спроведување на нашите надлежности за да можеме сериозно да одговориме на потребите на граѓаните. Мина веќе една година и повеќе, како станавме градоначалници или советници, а граѓаните не сакаат да слушаат за општинските долгови, наследени од минатото или од претходните гарнитури, не сакаат да слушаат дека локалната власт не добива доволно финансиски средства и слично. Тие од нас бараат сега, денес, утре, за една година да добијат водовод, канализација, пат, градинка, чист воздух, одличен превоз и друго. Затоа мораме да се преиспитаме, односно да ги преиспитаме сегашните позиции на локалната власт во процесот на децентрализацијата, надлежностите кои ги имаме, средствата што ги добиваме за нивна реализација и сериозно да ги утврдиме следните чекори.
17 декември 2018
-„ Крајно време е да разбереме, дека локалната власт е непосредниот давател на услугите на граѓаните. Дека таа најдобро ги знае нивните потреби и најдобро знае да ги одреди приоритетите. Мораме да се преиспитаме, односно да ги преиспитаме сегашните позиции на локалната власт во процесот на децентрализацијата, надлежностите кои ги имаме, средствата што ги добиваме за нивна реализација и сериозно да ги утврдиме следните чекори. Нашите заложби се единствени - продлабочување на децентрализацијата. Подготвени сме за нови предизвици. Но, при тоа потребно ни е адекватно и стабилно финансирање за секоја, досега префрлена и за секоја идна надлежност. Односно, со еден збор, ни треба децентрализација што ќе ја отсликуваат финансиски стабилни општини. Со тоа, во овој момент, воопшто не можеме да се пофалиме. Во ЗЕЛС сериозно сме размислувале во оваа насока, имаме и одредени утврдени предлози и ставови за нови концепциски промени во децентрализацијата, но за тоа се потребни подлабоки анализи, вкрстување на идеи од двете страни и извлекување на најдобрите решенија. По кој пат ќе тргнеме, зависи од сите нас.“
17 декември 2018
Надзорниот одбор на ЗЕЛС, на 14 декември, 2018 година ја одржа третата седница. Членовите на ова тело ги разгледаа: Предлог -Акциски план за 2019 година и Предлог- Буџет за 2019 година на ЗЕЛС. Активности во Акцискиот план на ЗЕЛС за 2019 година ги следи стратегиските цели на ЗЕЛС поврзани со лобирањето за адекватни законски решенија за спроведување на надлежностите на локалната власт, поддршка на општинската администрација во зајакнувањето на нивните капацитети, одржување на услуги за електронските системи и јакнење на административната служба на ЗЕЛС. Присутните беа информирани и за структурата на приходите и расходите за следната година распределена соодветно на активностите и потребите за одржувањето на ЗЕЛС. Присутните без запознаени и со начинот на надоместување на долговите за членарина што ги имаат одредени општини кон ЗЕЛС, склучените договори и утврдениот рок за отплата.
13 декември 2018
Електронската платформа за родово одговорно буџетирање (rob.zels.org.mk) и Стратегијата за родова еднаквост на ЗЕЛС за 2018-2030 година, беа презентирани на состанокот на Советодавниот одбор на регионалниот проект за родово одговорно буџетирање што се одржа од 11-13 декември, 2018 година во Истанбул (Турција), во организација на UN Women. Овие две алатки што ЗЕЛС ги изработи во рамките на Проектот за родово одговорно буџетирање, подржан од UN Women, Скопје, како и промотивниот видео материјал на Општина Кочани за реализираните активности на оваа локалната власт за надминување на родовите разлики, беа претставени како добри практики од нашата земја пред учесниците на состанокот од Албанија, Босна и Херцеговина и Молдавија. Претставничката од ЗЕЛС говореше за зацртаната мисија на ЗЕЛС за поддршка на своите членки, локалните власти на патот на јакнењето на родовата еднаквост како и за имплементирањето на националните и на меѓународните политики од оваа област од страна на општините. Беа посочени повеќе добри општински практики од Република Македонија, а посебен акцент беше ставен на постигнатите успеси на Општина Кочани, како резултат на голема посветеност и соработка меѓу градоначалникот, Комисијата за еднакви можности и координаторот за еднакви можности во општината.
13 декември 2018
Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија –ЗЕЛС на 14 декември, 2018 година (петок) со почеток во 10.00 часот во хотелот „Александар палас“ Конгресна сала 4, организира Конференција „Децентрализација: Патот што претстои“, поддржана од Мисијата на ОБСЕ во нашата земја. Станува збор за средба меѓу претставниците на локалната и централната власт. Градоначалниците како и претставниците на Комитетот на советите при ЗЕЛС ќе дискутираат со повеќе министри од Владата на Република Македонија, предводени од Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.
12 декември 2018
Единиците на локалната власт како и институциите во јавниот сектор во Република Македонија, од 2015 година имаат законска обврска да подготвуваат акт за Внатрешна организација и Акт за систематизација на работните места, кои треба да се засноваат на изготвена Функционална анализа. Одговорни за изработка на овие документи се преставниците од одделнијата за УЧР, па во таа насока, на 7 декември, 2018 година ЗЕЛС тренинг центарот организираше работилница за членовите на Мрежата за управување со човечки ресурси при ЗЕЛС, на тема „Методологијата за имплементација на функционална анализа во институциите на јавниот сектор“. Со оваа тема, пртставниците од Мисијата на ОБСЕ во нашата земја, ги запонаа и градоначалниците на средба што беше организирана пред одреден период.

Погледнете во нашата архива на вести
Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forimski-moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.