ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Прва средба на Комисијата за стратешко планирање при ЗЕЛС
15 февруари 2010
 На 12 и 13 февруари 2010, во Маврово се одржа првата средба на Комисијата за стратешко планирање при ЗЕЛС, формирана со одлука на Управниот одбор на ЗЕЛС. Комисијата е составена од 5 градоначалници и тоа Карпош, Гостивар, Дебар, Илинден и Арачиново. Правата средба всушност беше и почетна работилница за изготвување на новиот Стратешки план за ЗЕЛС за периодот 2011- 2016 година. На оваа работилница беше дефинирана Визијата, Мисијата, вредностите како и приоритетите кои ЗЕЛС ќе ги следи во следните пет години. На оваа активност и претходеше прашалник испратен до сите општини (градоначалникот, претседател на совет, администрација претставена преку мрежите на ЗЕЛС од различните области) од каде се извлекоа сите проблеми, потреби, предлози и предизвици кои ЗЕЛС би требало да ги следи. Впрочем, стратешкиот план сам по себе претставува израз на насоките и целите кои претстојат да бидат реализирани, а утврдени преку широка консултација на сите членки – општините. На овој начин ЗЕЛС продолжува да работи единствено во интерес на општините следејќи ја стратешката ориентација која преку овој процес ќе ја утврдат самите општини, утврдувајќи нова ВИЗИЈА за модерен, развиен и моќен ЗЕЛС. Следна активност околу стратешкото планирање ќе биде организирање на средби на три оперативни тима кои ќе работат на изготвување на стратешките акциски планови согласно утврдените приоритети, понатаму следи средба на Комисијата кога се очекува финализирање на Стратешкиот план кој ќе се достави на разгледување до сите општини и конечно после тоа оди на усвојување пред Управниот Одбор на ЗЕЛС. Активностите околу стратешкото планирање се реализираат со експертска и финансиска поддршка на Програмата за човеков и институционален развој на УСАИД.

назад


Преземени вести
Претседателот Иванов во Брисел на средби со Баросо и Филе
(09.09.2010)
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов придружуван од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска во рамки на дводневната работна посета на Брисел ќе оствари средби со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
 
Задолжителна пракса за студентите, најави Министерството за образование
(09.09.2010)
Практичната настава за студентите од оваа студиска година станува задолжителна. За да запишат следна година мора да поминат 30 дена практична работа во приватна компанија или јавна институција.
 
Српската предлог-резолуција за Косово пред Генералното собрание на ОН
(09.09.2010)
Генералното собрание на Обединетите нации денеска ќе расправа за српската предлог-резолуција за Косово.
 
Шест луѓе загинаа во шумските пожари во Казахстан
(09.09.2010)
Во шумските пожари што го зафатија северниот дел на Казахсатн загинаа шест луѓе. Огнот се прошири и во соседна Русија.
 
Светскиот економски форум: Швајцарија најконкурентна, Македонија на 79 место
(09.09.2010)
Швајцарија и во најновото рангирање, останува најконкурентна земја во светот, објави денеска Светскиот економски форум (World Economic Forum).
 
Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам
(09.09.2010)
Муслиманите во Република Македонија, како и целиот исламски свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии ќе се служи утрински Бајрам-намаз.
 
Честитка од Стејт департментот за Денот на независноста на Македонија
(09.09.2010)
 
Задолжителна пракса за студентите, најави Министерството за образование
(09.09.2010)
 
МВР Билтен
(09.09.2010)
 
Приведен скопјанец осомничен за криминал со платежни картички
(09.09.2010)
 
Во манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка почна традиционалната ликовна колонија
(09.09.2010)
 
Во Битола се одбележува празникот на муслиманските верници Рамазан Бајрам
(09.09.2010)
 
Честитка од претседателот Иванов до муслимансктие верници по повод Рамазан Бајрам
(09.09.2010)
 
„Гардијан“: Србија сепак попушти пред притисокот на ЕУ и на САД за резолуцијата за косовската независност
(09.09.2010)
 
Продолжува штрајкот на вработените во грчката железница и градскиот транспорт
(09.09.2010)
 
Српската предлог-резолуција за Косово пред Генералното собрание на ОН
(09.09.2010)
 
Реџепи: Очекуваме дијалог меѓу две независни држави
(09.09.2010)
 
Судот во Белград одби Ратко Младиќ да го прогласи за мртов
(09.09.2010)
 
До Генералното Собрание на ОН поднесена редефинираната српска резолуција за Косово
(09.09.2010)
 
Генерал Билер: Северот на Косово и понатаму останува најголемиот предизвик за КФОР
(09.09.2010)
 
Најмалку осуммина загинати во две експолозии на аеродромот во Могадишу
(09.09.2010)
 
Две лица загинаа во терористички напад во Пакистан
(09.09.2010)
 
По шест месеци заложништво ослободен британско-пакистанскиот новинар
(09.09.2010)
 
Светскиот економски форум: Швајцарија најконкурентна, Македонија на 79 место
(09.09.2010)
 
Во Мексико убиен уште еден градоначалник
(09.09.2010)
 
Силен земјотрес регистриран во Чиле
(09.09.2010)
 
Десетмина загинати во терористички напад во Пакистан
(09.09.2010)
 

Гласило


Архива на ЗЕЛС
http://arhiva.zels.org.mk/


© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.