Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Општините ќе развиваат социјални услуги со грант од 10,8 милиони евра
31 октомври 2019

 

Претставници од одделенијата за локален економски развој и одговорните лица во општините за прашања од областа на социјалата, на 31 октомври, 2019 година во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот имаа можност да бидат запознаени со “Проектот за подобрување на социјалните услуги“. Настанот го организираше Министерството за труд и социјална политика во соработка со ЗЕЛС, во насока локалните власти детално да бидат информирани за можностите за развој на социјалните услуги, во согласност со потребите на корисниците.

,, Ова е добра можност за поддршка на локалната власт во обезбедувањето на социјалните услуги за своите граѓани. Особено што доаѓа во момент кога ЗЕЛС заедно со Владата на Република Северна Македонија реализираат бројни активности за утврдување на можностите за продлабочување на процесот на децентрализацијата и пренесување на повеќе надлежности на локално ниво, меѓу кои и надлежности од областа на социјалната заштита. Затоа ова го сметам како полезна обука за локалната администрација за нивно подготвување како во иднина тие самостојно да управуваат со овие средствата и да реализираат проекти кои ќе обезбедат заштита на граѓаните од социјалните групи во нивната средина“, истакна Душица Перишиќ, извршна директорка на ЗЕЛС.



Беше посочено дека во месец декември ќе биде отворен повикот и општините ќе може да аплицираат за Грантови за овој Проект, наменети за проекти за развој на социјални услуги во локалните заедници, вклучувајќи непосредна социјална услуга, помош на индивидуа или семејство, домашна нега, лична асистенција, дневна нега, привремена грижа, мали групни домови, дневни центри и услуги за живеење со поддршка и други иновативни услуги во заедницата. Општините сами ги избираат партнерите за апликацијата за добивање на гранд за проектот,а договорот го склучуваат трите страни: МТЦП, општината и партнерот.

-„Една од главните цели на проектот е развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, согласно со потребите на граѓаните и зголемување на пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица, за што се обезбедени вкупно 10,8 милиони евра, заем на Светска банка, за период на имплементација од пет години.“, посочи Душан Томшиќ, од Министерството за труд и социјална политика.


На презентацијата присутните беа запознаени со новиот Закон за социјална заштита, во кој се развиени нови услуги од областа на социјалата, а преку реализацијата на овој Проект, всушност почнува и нивното практично имплементирање. Во Законот децидно се определени и обврските на локалната власт, а една од нив е општината да формира Совет на социјална заштита. Општините особено ќе имаат можност да развиваат „услуги на советување“, каде може да ангажираат поддршка од невладини организации, компании, стручни лица, како и „услуги во домот“, каде доминираат потребите за помош на старите лица. Општините ќе имаат голема улога во препознавањето на вистинските потреби на корисниците на социјалните услуги и мапирање на социјалниот простор на најранливите категории. Беше посочено дека оние што ќе даваат социјални услуги , мора да имаат лиценца, да ги задоволат утврдените стандарди, а процедурата е изнесена на веб страницата на МТСП . Се очекува да се постигне двоен ефект: зголемена поддршка во социјалната заштита и овозможување на вработување на лица кои ќе сакаат да се вклучат во давањето на социјалните услуги.

Беше посочено дека за реализација на Проектот отворена е проектна канцеларија, која ќе обезбеди поддршка во реализација на проектот на општините, со цел општините да бидат спремни за повикот, а ќе се формира и Комисија кога ќе ги разгледува и одобрува апликациите.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.