ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Подготвено Гласилото на ЗЕЛС со биографиите на сите актуелни градоначалници
1 декември 2017
 

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) им ја честита победата на сите градоначалници и на сите советници кои ја добија довербата од граѓаните на локалните избори што се одржаа во октомври, оваа, 2017 година. Исто така, им посакува успешна реализација на зацртаните планови и проекти во општината и, се разбира, континуирана соработка со ЗЕЛС -Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија.

Веќе традиционално, по трет пат, „Гласилото на ЗЕЛС“ што излегува веднаш по локалните избори, го посветуваме на објавување на кратките биографии на сите градоначалници. Забележавме дека одреден број на советници, но и на лица што биле вработени во општинската администрација, сега ја зазедоа челната позиција во општината. Исто така, има и градоначалници и советници кои оваа функција ќе ја извршуваат повторно, или по трет, четврти, па дури и петти пат. Сето тоа укажува дека имаме одлична комбинација на наталожени искуства и добро познавање на предизвиците со кои се соочува локалната власт, но и на нова енергија која е подготвена да внесе нови идеи и ентузијазам за натамошно развивање на процесите на децентрализацијата во нашата земја.

ЗЕЛС како национална асоцијација на сите единици на локалната власт во Република Македонија, во која членуваат сите 80 општини и Град Скопје, како посебна единица на локална власт, ќе продолжи да ги застапува и да лобира за интересите на сите локални власти пред централната власт, да ги јакне капацитетите на општинската администрација и да дава континуирана поддршка во обезбедувањето на електронските услуги на општините. Водејќи се од утврдените стратегиски цели, ЗЕЛС преку своите органи: Генералното собрание, Управниот одбор на ЗЕЛС, Надзорниот одбор, како и Комитетот на советите, ги реализира своите активности во насока на развивање на процесите на децентрализација на власта, со силна примена на Европската повелба на локални власти, која ќе обезбеди општини кои даваат квалитетни услуги на своите граѓани и кои обезбедуваат услови за подобар живот на сите.

ЗЕЛС се покажа и докажа како силна организација во земјава, но и во странство, па во изминатиов период искуствата на ЗЕЛС беа пренесувани во повеќе земји од регионот и пошироко. Една од најсилните алатки на ЗЕЛС за бројните досега постигнати успеси е градењето и одржувањето на единството на сите нејзини членки. ЗЕЛС и во иднина ќе се залага за одржување на ова единство, бидејќи интересите на локалната власт и на граѓаните се најважни.



Прилог: Zels_GRADONACALNICI_2017_MK_ALB_ODOBRENO ZA WEB.pdf
назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.