Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Активностите за децентрализација во културата во фокусот на состанокот на Комисијата за култура
22 март 2019
 

Соња Стаменкова, градоначалничка на Општина Македонска Каменица едногласно беше избрана за претседател на Комисијата за култура при ЗЕЛС, на конститутивната седница што ова тело ја одржа на 21 март, 2019 година во просториите на Заедницата. На овој состанок, присутните градоначалници фокусот го ставија на започнатите процеси за продлабочување на децентрализацијата во оваа област. Од страна на централната власт започнати се активности за пренесување на дел од националните установи во областа на културата. Со тоа и официјално ќе продолжи процесот на институционална децентрализација во културата кој е започнат во 2003 година, со поделбата на мрежата на установите во културата, на национални и локални установи.

Пред присутните беше презентирана анализата изготвена од страна на Министерството за култура, врз основа на спроведената „ „Анкета за интерес на ЕЛС за натамошна децентрализација на дел од националните установи на локално ниво“. Од понудените 62 национални установи од областа на културата, лоцирани во повеќе општини во земјата, помалку од половина или 30 општини покажале интерес да ги преземат на локално ниво. Одговорите на 30 општини за ефектот од досегашниот процес на децентрализација, биле речиси идентични, односно сите истакнале дека се соочиле со предизвици при спроведувањето на оваа надлежност во изминатиот период. Како наведени причини биле посочени: недостаток на финансиски средства во блок дотациите, недостаток на стручен и административен кадар, нефункционални стари објекти, па дури и руинирани, за што локалните власти мораат да обезбедуваат средства и од сопствени извори.

Во таа насока беше изнесен и утврдениот став на ЗЕЛС кој е насочен кон продлабочување на процесот на децентрализацијата во сите области, па и во областа на културата, но никако на начин како што се случуваше нејзиното досегашно спроведување. Локалните власти задолжително треба да добијат и адекватни финансиски средства за да можат квалитетно да ги спроведуваат надлежностите кои им се префрлаат на локално ниво, потоа обезбедување на нови вработувања во културните установи и побрз процес на добивање на согласности од Министерството за финансии. Во утврдените ставови е и барањето за обезбедување на дополнителни средства за капитални дотации за оваа намена, потоа зголемување на средствата за тековно и материјално одржување на установите, како и нови инвестиции со цел подобрување на функционалноста на објектите од културата.

Беше договорено, утврдената анализа да им биде испратена на сите членови на Комисијата кои може дополнително да се произнесат со одредени иницијативи или предлози. При тоа беше посочено дека Министерството за култура ги подготвува сите натамошни чекори и потребни законски измени и дополнување со кои ќе се овозможи правен основ за реализација на децентрализацијата во културата, меѓу кои и утврдувањето на критериумите за пренесувањето на основачките права на дел од националните установите од културата од државно на локално ниво. Се очекува тие наскоро да бидат образложени пред Владата .

sostanik komisija



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.