Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Гласилото на ЗЕЛС за периодот април/јуни, 2020 година, подготвено во електронска форма
8 јули 2020
 

 

Пандемијата со вирусот COVID-19 и преземените мерки во услови на криза во нашата земја создадоа одредени предизвици кои се рефлектираа и во работењето на ЗЕЛС. Донесените мерки за заштита во услови на криза, како што се: забрана за организирање на настани во поголеми групи; одржување на социјална дистанца; самоизолација; работа од дома на ранливи категории граѓани и друго, предизвикаа промени и во начинот на работењето на општинската администрација и на советите. Сето тоа доведе до застој во реализацијата на одредени проекти и на планираните активности. Сепак, како и во целиот свет и ние ги прифативме алтернативни начини за спроведување на дел од активностите, преку користењето на онлајн алатките и електронските платформи за комуникација за одржување на состаноци, работилници, седници и друго.

Во таа насока, Управниот одбор на ЗЕЛС ја одржа тринаесеттата седница на која беа усвоени документи за финансиското работење на ЗЕЛС, но истовремено се говореше и за повторното покренување на иницијативите за продлабочување на процесот на децентрализација; за реперкусиите од намалувањето на приливот на средствата од ДДВ; за недостатокот на градежни инспектори на локално ниво и друго. Седницата се водеше по електронски пат, во согласност со статутарните измени што Генералното собрание на ЗЕЛС ги усвои минатата година. Седница одржа и Генералното собрание - шеста по ред. По електронска пошта на делегатите им беа испратени материјалите за седницата, а тие со пополнување на Изјава, речиси едногласно, ги усвоија сите документи за финансиското работење на ЗЕЛС.

Комисијата за следењето на развојот на финансирањето на општините на онлајн седница ги усвои предлог–уредбите за распределба на приходи од ДДВ и од блок дотациите за локалната власт. Притоа, посочи на потребата за навремено изнаоѓање на соодветни решенија, со цел општините да не бидат доведени во уште подлабока финансиска нестабилност.

Во овој период, ЗЕЛС стана дел од регионалниот проект за јакнење на капацитетите на општинската администрација од одделенијата за социјалната заштита, за адекватно интегрирање на принципот „Никој не смее да биде запоставен“ од Агендата 2030, документ на ОН. Втор нов регионален проект, во чие имплементирање, од нашата земја учество зедоа ЗЕЛС и компанијата ПАКОМАК е „Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“. Целта на проектот е унапредување на собирањето и соодветен третман на стаклена амбалажа, како и развивање на адекватни бизнис модели применливи во единиците на локална самоуправа.

Во овој период ЗЕЛС презеде активности и со општинските советници, во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, каде е еден од партнерите. Советниците се вклучија во онлајн дискусиите на актуелни теми за предизвиците од корона кризата во областите на родовата еднаквост, на финансирањето и на урбанизмот.


Гласило Април-Јуни



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.