ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Градоначалникот Аце Коцевски избран за претседател на Комисијата за следење и развој на системот за финансирање на општините
11 мај 2018
 

 

Комисијата за следење на развојот на системот за финансирање на општините, на 10 мај, 2018 година ја одржа конститутивната седница. Во согласност со Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Комисијата има вкупно девет члена, од кои пет се претставници на ЗЕЛС . Управниот одбор на ЗЕЛС, на третата седница, одржана на 26 декември, минатата година за членови во Комисијата ги избра: Аце Коцевски, градоначалник на општина Велес, Жика Стојановски, градоначалник на општина Илинден, Сашо Поцков, градоначалник на општина Гевгелија, Блерим Беџети, градоначалник на општина Сарај и Николче Илиев, градоначалник на општина Кочани. Останатите четири члена се претставници од надлежните министерства.

Комисијата има обврска да ја следи примената на критериумите за распределба на дотациите; да предлага мерки за подобрување на системот на дотации, да дава препораки за надминување на констатираните недостатоци при распределба на дотациите; да ја следи транспарентноста на процедурите и нивната доследна реализација при распределба на средства од дотација. Исто така, Комисијата подготвува полугодишни и годишни извештаи за развојот на системот на финансирање на општините во кои утврдува предлози за подобрување на системот, го следи наменското користење на дотациите; дава претходна согласност на Уредбата за методологијата за распределба на приходите од данок на додадена вредност и методологиите за утврдување на критериуми за распределба на блок дотациите.

На оваа седница, градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски беше избран за претседател на Комисијата а, за заменик на претседателот беше избрана Радмила Сандева од Министерството за финансии. Ова министерство ќе ја обезбеди техничката поддршка на работењето на Комисијата. Државниот секретар на министерството за финансии, Елена Трпковска изрази огромна поддршка за работата на Комисијата при што се заложи дека сите изнесени полезни аргументи или барања на членовите ќе бидат целосно разгледани и анализирани од страна на Министерството, кое понатаму ќе се залага за изнаоѓање на начини за нивно имплементирање. Таа ги охрабри и членовите на Комисијата од сите четири министерства да посветат поголемо внимание на изнесените ставови и детално да ги образложат пред ресорните министри, во насока на нивно поуспешно реализирање.

По однос на втората точка, усвојување на Деловник за работа на Комисијата, присутните членови се договорија да остават простор за негово подетално разгледување, а конечниот став да го изнесат на следната седница, планирана кон крајот на месец мај.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.