Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“ е новиот регионален проект што се имплементира во партнерство со ЗЕЛС
24 јуни 2020
 

ЗЕЛС во соработка со Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) е партнер во имплементација на проектот “Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“, финансиран од Сојузното Министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ) и компанијата ПАКОМАК (Македонија), во рамки на програмата за соработка со бизнис секторот develoPPP.de. Оваа програма (DeveloPPP.de) на Германското сојузно министерство за соработка и развој е насочена кон градење и развој на соработка меѓу јавниот и приватен сектор на локално ниво. Целта на проектот е унапредување на собирање и соодветен третман на стаклена амбалажа, како и развивање на адекватни бизнис модели применливи во единиците на локална самоуправа. Поконкретно, ќе се овозможат услови за развивање на мрежа за собирање на стаклена амбалажа со поставување на соодветна инфраструктура и подобрување на достапноста на услугите и на информациите за правилна примарна селекција.

Проектот е во времетраење од 30 месеци, почнувајќи од 15 февруари, 2020 година и едновремено се спроведува и во: Босна и Херцеговина (Екопак и РЕДАХ) и во Србија (Секопак и НАЛЕД). Предмет на активностите се: изработка на анализа за унапредување на постоечки системи на управување со стаклена амбалажа и можности за воведување депозит; изработка на модел за собирање и рециклирање на стаклена амбалажа според вид на општина (урбана, рурална); пилотирање на моделот преку набавка на опрема (контејнери за собирање стаклена амбалажа); обука за јавни комунални претпријатија и тркалезни маси за компании; кампања за подигнување на свеста за граѓаните и изработка на бизнис модел за натамошен развој на инфраструктура за рециклирање на стакло. Од особена важност е промовирањето на значењето на примарната селекција и рециклажата, во насока на подигање на свеста кај граѓаните за полезноста од овие процеси кои придонесуваат за заштитата на животната средина, за подобрување на здравјето на луѓето и кои обезбедуваат економскиот полезност за сите.

Формирана Работна група за имплементирање на проектните активности

Задницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, на 8 јуни, 2020 година, преку видео конференциска платформа го одржа првиот воведен состанок на Работната група за имплементирање на активностите на проектот „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан“. Целта на Работната група е воспоставување дијалог од засегнати страни во градењето пристап и политики заради создавање успешен, квалитетен, ефикасен и применлив модел за собирање и рециклирање стаклена амбалажа од страна на единиците на локалната самоуправа. Профилот на членовите на Работната група (претставници на локалната самоуправа, на министерства, невладин сектор и на стопански комори) е во насока на поставување на оптимални модели за собирање, транспорт и рециклирање на пакувања од стакло, кои би биле локално (јавно), еколошки и економски исплатливи за примена. Работната група брои 15 члена.

Стаклото е материјал што овозможува бесконечен број на циклуси за рециклирање

Отпад од пакување вклучува: пластика; хартија и картон; метал; дрво и стакло. Отпадот од стакло учествува со околу 4% од целиот отпад од пакување, во регионот. Стаклото е еден од вкупно двата 100% материјали за рециклирање, со можен бесконечен број на циклуси за рециклирање. Користење рециклирано стакло има дополнителни еколошки ефекти: рециклирањето на стакло заштедува околу 40% од енергијата и 50% од водата потребна за производство на ново стакло за пакување, а во таа постапка за 20 % се намалува и загадувањето на воздухот.

Процентот на користено стакло за пакување, добиено по пат на рециклирање во Регионот на Западен Балкан е далеку под просекот во Европската Унија. Всушност, повеќето од користената стаклена амбалажа завршува на депонии или нелегални места за фрлање отпад, каде што стаклото бара повеќе од 5.000 години да се распадне. Споредено со другиот отпад од пакување, стаклото е потешко и многу поскапо за транспорт. Трошокот за превоз е еден од главните фактори за намалување на вредноста на стаклото како рециклирачки извор. На Западен Балкан, во моментов не постои функционален систем за управување со рециклирање на стакло и нема адекватни податоци за рециклирање на стакло што би претставувале појдовна точка да се овозможи економски ефикасен синџир на вредности за рециклирање на стакло и подобрување на соработка на многу различни засегнати страни во текот на целиот процес. Исто така во регионот, засега, нема соодветни структури и капацитети за целосен третман за повторна употреба на стакло за отпад, освен нешто во Србија, каде се нуди пред- преработка на стаклен отпад за понатамошно рециклирање и производство. Ова се дел од причините поради кои започна реализацијата на овој регионален проект -“Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.