ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Ефективна работна средба на мрежата на УЧР при ЗЕЛС со претставници од МИОА
4 април 2018
 

Мрежата на човечки ресурси при ЗЕЛС одржа средба во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот, на трети април, 2018 година, на која се дискутираше за предизвиците од примената на Законот за административни службеници. За таа цел ЗЕЛС се обрати до Министерството за информатичко општество и администрација, кое ги обезбеди претставниците: Лаура Идризи и Медина Хоџа кои мошне успешно одговорија на бројните прашања упатени од присутните лица од одделенијата за човечки ресурси, од општините. Дилемите се однесуваа на неусогласеноста на временскиот период на донесувањето на Планот за вработување и донесување на Општинскиот буџет, потоа за актите за систематизација на работните места, изработката на функционалната анализа, за интерните и јавните огласи, оценувањето на вработените и обврската за следење на обуки, за претставниците од ТППЕ и други бројни прашања.

Присутните претставници од општините предлагаа Планот за вработување да се донесува по изгласувањето на Буџетот на општината со цел првенствено да се добие јасна слика за финансиските можности за вработување или прераспределување на вработените од општината. Нов предизвик претставува и поврзувањето и усогласувањето на податоците на вработените со Управата за јавни приходи, ,каде беше посочено дека општината го пополнува образецот за HRMS (систем за човечки ресурси) и дилемите околу обврската за донесување на нов акт за систематизација на работните места, кога има измени од над 30% од вработените, а тука беше посочен и предизвикот околу потребата од изработка на функционална анализа во услови на промена на внатрешната организација. Беше потенцирана и неусогласенота на законските обврски за рамномерна етничка застапеност при вработувањето и објавувањето на јавни огласи за вработување во кои доколку се наведе етничка припадност се третира како дискриминаторски елемент на другите ентитети, поради што има случаи кога не може да се исполни предвидениот План за вработување, што се донесува од страна на Советот на општината и се одобрува од МИОА . Стана збор и за случаи кога се објавуваат интерни огласи и предизвиците со процесот на оценување на вработените, односно 360 степени, што беше посочено дека веројатно ќе претрпе измени во наредниот период и ќе се обезбеди поефикасен и соодветен метод за оценувањето на администрацијата. Од МИОА посочија дека од месец јуни ќе започне формирањето на работни групи кои ќе изнаоѓаат најсоодветни решенија за подобрување на законските можности во работењето на административните службеници. При тоа присутните побараа повеќе претставници од човечки ресурси од општините да бидат вклучени во работните групи со цел поголема застапеност на решенија за предизвиците на локалните власти.

Како едно од погорливите прашања беа посочени дилемите на систематизирањето на работни места за пожарникари, при што беше акцентиран и проблемот кој го имаат повеќето општини со определување на нивните звања и бодови. Беше посочено дека треба да се направи усогласување со Законот за пожарникарство или пак со Законот за јавна администрација, при што со секое звање на пожарникарите да се утврдат и бодовите што ги носи тоа, а пото државните институции да ја утврдат висината на бодот. Сега има шареноликост во исплаќањето на платите на пожарникарите во сите општини, кои пак покренуваат тужбени барања кон локалните власти. Стана збор и за тоа дали овие вработени треба да се наведат во самата систематизација на општината, или се прави посебен план за нив, што ќе биде предмет на дополнителен одговор од МИОА. Присутните претставници од општините беа информирани и за планираните активности на кои работат од МИОА, а се поврзани со Законот за општа управна постапка, новините кои треба да бидат опфатени со Стратегијата за реформи во јавната администрација и други активности кои ги засегаат и вработените во општинската администрација.


На крајот од средбата претставниците од МИОА посочија дека се подготвени секогаш да одговорат на прашањата од претставниците од општините при што ги замолија начинот на комуникација да биде по писмен пат, со цел да добијат соодветен и адекватен одговор. Присутните беа задоволни од оваа соработка на ЗЕЛС со МИОА и побараат во иднина да се организираат уште повеќе вакви средби.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.