ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Висок процент на кандидати го положија теоретскиот дел од испитот за стекнување со овластување за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија.
10 мај 2018
 

 

Вкупно 180 претставници од единиците на локалната самоуправа, со статус на административен службеник од редот на раководните или стручни административни службеници, на 9 мај, 2018 година беа повикани да го полагаат теоретскиот дел од испитот за стекнување со овластување за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија. Станува збор за кандидати кои на почетокот на оваа година ги проследија соодветните обуки во ЗЕЛС тренинг центарот и се стекнаа со можноста за полагање на овој испит. На испитот присуствуваа околу 150 кандидати, од кои многу мал процент не успеаја да обезбедат 70 % од потребните 100 бода.

Кандидатите беа поделени во три групи од по 60 лица. Тие во временски период од еден час имаа можност по електронски пат да одговорат на педесетте прашања кои се однесуваа на постојната законска регулатива од областа на урбанизмот, градежното земјиште, постапките за експропријација, а 15 % од прашањата се однесуваа и на користењето на софтверската апликација www.gradezno-zemjiste.mk . Овој информациски систем, преку кој се спроведуваат сите постапки за отуѓување или давање под закупна градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, по пат на јавно наддавање и по пат непосредна спогодба, утврдени во Законот за градежно земјиште, на 13 март, 2018 година му беше предаден на ЗЕЛС, од страна на Министерството за транспорт и врски (МРВ) на трајно користење, управување, одржување и понатамошна тековна надградба.

Испитот се реализираше по електронски пат, во Испитниот центар на Правниот факултет ,,Јустинијан Први“, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Изготвени беа вкупно 510 прашања, од кои софтверскиот систем сам избира по 50 прашања, различни за секој кандидат. Веднаш по завршувањето на испитот, резултатите на кандидатите беа јавно објавени и истите се наоѓаат на веб порталот на ЗЕЛС – zels.org.mk.

Вториот дел од испитот се планира да биде реализиран кон крајот на овој месец. Станува збор за практичниот дел од испитот, кој исто така ќе се полага електронски, каде кандидатот ќе добие еден опис од 10-те практични случаи за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија интегрирани во електронскиот испитен систем, при што треба да се маркира еден од понудените одговори под седум прашања поврзани со практичниот случај.

Во тој период, се планира да им се даде можност за повторно полагање на испитот и на кандидатите кои не успеаја на 9 мај, 2018 година да обезбедат 70% од потребниот процент од вкупен број бодови но и на кандидатите кои ја проследија почетната обуката организирана во месец април, 2018 година, кога ЗЕЛС и Министерството за транспорт и врски на Република Македонија (МТВ) на барање на локалните власти организираа втора по ред почетна обука. За конкретниот датум ЗЕЛС ќе достави навремена информација до секој кандидат поединечно.





назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.