ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Во Брисел, на 3 и 4 мај- средба на делегатите од ЗЕЛС во ЗКК и одржување на пленарна седница „Ден на проширување “
30 април 2018
 Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија (ЗКК) организира средба во Брисел (Белгија) која ќе се одржи на 3 мај, 2018 година. Делегати во ова тело, од нашата земја се 11 претставници од ЗЕЛС, избрани на третата седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, одржан на 26 декември, минатата година. На средбата ќе учествува и делегација од Министерството за локална самоуправа предводена од министерот, Сухејл Фазлиу.

На заедничката средба на дваесет и двајцата делегати на ова тело, (11 делегати од нашата земја и исто толку делегати од градови и региони од Европската унија), ќе се дискутира на редовната тема, за улогата и придонесот на локалната власт за членство на земјата во Унијата и преземените активности во таа насока. Ко-претседавачот на ЗКК од страна на Комитетот на региони, Јасна Габриќ, градоначалник на општина Трбовље (Словенија) ќе го изнесе неодамнешното мислење на Комитетот за региони околу Стратегијата за пристапување на Западен Балкан, а ќе стане збор и за последниот позитивен Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија и препораката за членство во Унијата. На седницата ќе се обрати ко-претседавачот од наша страна, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, кој ќе ги изнесе состојбите во локалната власт - „предизвици и успеси“ а потоа присутните ќе дискутираат на втората тема ,која беше побарана од делегатите од Македонија - „ Управување со отпад“ . Целта е да се осознаат искуствата на европските градови и региони во начинот на справувањето и управувањето со отпадот, засилени активности што се подготвуваат во нашата земја. На делегатите ќе им се обратат и градоначалник на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски како и градоначалник на Општина Струга, Рамиз Мерко.

Во истиот период, паралелни сесии ќе имаат и заедничките консултативни комитети помеѓу Комитетот на регионите на Европската Унија со Црна Гора, со Србија, со Турција, каде ќе се дискутира на различни теми, меѓу кои: за корупција на локално ниво; заштита на културното наследство; твининг програма на градови, а ќе биде организирана и сесија за дигитална трансформација на земјите од Западен Балкан.

Следниот ден на 4 мај, 2018 година, сите заедно ќе одржат пленарна седница со наслов „ Денот на проширување“ на која пред присутните ќе се обрати и Карл-Хејнз Ламберц (BE/PES), Претседател на Европскиот Комитет на региони; Горан Свилановиќ, генерален секретар на регионален совет за соработка (RCC) а клучен говорник ќе биде и Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување, од Европската комисија. За актуелна состојба и за иднината на процесот на проширување ќе говорат претставници на значајни тела и органи, како и експерти од Унијата.

Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија (ЗКК) воспоставен е уште во 2008 година со цел да ја подготвува основата за проширување на ЕУ преку унапредување на политичкиот дијалог и соработка и меѓу локалните и регионалните власти .



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.