Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Средба на ЗЕЛС со претседателот на Европскиот Комитет на региони
18 септември 2019
 

 

Заедницата на единиците на локалната самоуправа-ЗЕЛС оствари средба со Карл Хајнц Ламберц, претседател на Комитетот на региони на Европската Унија (КоР). Делегацијата во состав Петре Шилегов, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, и Благој Бочварски, градоначалник на Штип и ко-претседавач на Заедничкиот консултативен комитет со ЕУ, ги претставија најновите активности преземени за продлабочување на процесот на децентрализација во земјата. За постигнување резултати, како што рече Шилегов, ЗЕЛС и Владата имаат интезивни средби на договарање на различни нивоа, каде основната позиција на ЗЕЛС е дека преземањето дополнителни надлежности на локално ниво треба соодветно финансиски да биде поткрепено од власта.

Претседателот на Европскиот Комитет на региони ја нагласи важноста од заедничката соработка досега и во идинина, како механизам преку кој може да се споделат добри пракси и да се научи еден од друг повеќе за придобивките од локалното владеење во корист на граѓаните. Претседателот Ламберц ја поддржува заложбата на земјата за отпочнување преговори со Европската унија.

Градоначалникот на Штип изрази задоволство од досегашните средби на Заедничкиот консултативен комитет, кој има одржано 16 состаници, а 17-от е во подготовка за реализација во декември. Ко-претседавачот Бочварски ја нагласи одличната соработка со ко-преседавачот од страна на Комитетот на региони, како и со службите на КоР заслужни за беспрекорната реализација на средбите.

Никола Бертолини, раководител на Одделението за соработка при Делегацијата на ЕУ во Скопје, истакна дека Европската унија алоцира мали средства за општините во земјава, и ваков фонд треба да ги зголеми финансиите бидејќи на општините им се најпотребни.

назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.