Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов од денес ја превзема и претседателската функција на НАЛАС
11 април 2019
 

 

Петре Шилегов, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје од денес ја презема и функцијата на претседател на Мрежата на асоцијации на локални власти на земјите од Југоисточна Европа (НАЛАС). Оваа беше утврдено на четиринаесеттата седница на Генералното собрание на НАЛАС, што беше организирано денес, на 11 април, 2019 година,во големата сала на Советот на Град Скопје, во Скопје. Станува збор за ротирачко претседателство што го има воспоставено НАЛАС, за период од една година. Односно, оваа позиција Шилегов ја презема од досегашниот претседател, Дарко Фрас, градоначалник на Општина Света Тројца, од Република Словенија, а следната година, на петнаесеттата седница на НАЛАС истата ќе и ја предаде на Татјана Бадан, градоначалник на Општина Селемет од Молдавија, која сега ја стана прв потпретседател на НАЛАС, функција што минатата година ја имаше Шилегов.

НАЛАС ја сочинуваат 14 асоцијации на локални власти, што претставуваат околу 9000 локални самоуправи, директно избрани од над 80 милиони граѓани во Југоисточна Европа. ЗЕЛС е членка на НАЛАС уште од самото нејзино официјално основање во 2005 година, а активно учествуваше и во нејзиното креирање, кое започна од 2001 година. Во рамките на Генералното собрание на НАЛАС, кое брои 32 делегати, ЗЕЛС има тројца делегати и тоа, освен претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, делегати се и двајцата заменици на ЗЕЛС: Висар Ганиу, потпретседател на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Чаир и Митко Јанчев, потпретседател на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кавадарци. НАЛАС го промовира процесот на децентрализација, придонесува во процесот за помирување и стабилизација во регионот и во тој контекст придонесува за процесот за европска интеграција на целиот регион.

При преземањето на оваа функција Шилегов посочи дека ќе ги продолжи досегашните стратегиски цели и активности на оваа многу важна мрежа на асоцијациите на земјите од југоисточна Европа. Тој посочи дека поддршката во размената на информации, добри практики, законска поставеност и имплементација на локалното владеење во земјите од регионот е многу значајно за сите локални власти од регионот. Во едногодишниот период на неговото претседателствувањето со НАЛАС, Шилегов посочи дека ќе се заложи да се обезбеди обединување на асоцијациите на локална самоуправа во Албанија и дека по мајските избори во Грција ќе се залага да се обезбеди членство и на асоцијацијата на единици на локална самоуправа на Грција во НАЛАС. – „Ни претстои динамичен период, работата во НАЛАС и во ЗЕЛС е за постигнување стандарди кои ќе ја олеснат работата на градоначалниците, на децентрализацијата и на демократските процеси во сите земји од Југоисточна Европа “ –потенцираше Шилегов.

На присутните им се обрати и заменикот на претседателот на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, Јохан Ван Ден Хојт, кој посочи дека демократијата е клучна за секоја земја, а таа во последните години е под закана на популизмот. Затоа е потребна поголема транспарентност, отвореност, јавна отчетност на институциите за да се врати довербата на граѓаните во нив, а тоа најмногу е видливо и ефективно доколку се случува уште на локално ниво. Хој посочи и на опасноста од намалувањето на буџетите на општините генерално во регионот,но и во европските земји, како и посериозните обиди за политички притисоци врз локалната власт што е клучно прашање на кое мора во следниот период да му се посвети поголемо внимание.

За поддршката на локалните власти што ја дава Швајцарската влада, не само во нашата земја, туку и пошироко, говореше Амбасадорката на Швајцарија во нашата земја, Сибил Сутер Техада. Поддршката на асоцијациите на локалните власти е многу важно, бидејќи треба да претставуваат главен двигател на процесите на децентрализација и развивање на демократските процеси во сите земји. Таа посочи дека Швајцарската влада го поддржува и процесот на пристапување на нашата земја во Европската Унија, посочувајќи дека претставуваме пример за надминување на историските пречки и воспоставување на добрососедски односи.

Членовите на Генералното собрание и гостите на НАЛАС, по одржувањето на седницата ќе ја посетат и Општина Велес, каде ќе се запознаат со предизвиците на функционирањето на македонските локални власти, а ќе им биде презентирана и новата Стратегија за развој 2019-2030. Утре, на 12 април, 2019 година (петок), во организација на НАЛАС и Светската банка, Програма за урбано партнерство на Австрија, во хотелот „Мериот“ со почеток во 9.00 часот ќе биде организирана Конференцијата - „Градовите како двигатели на економскиот раст – Визија 2030“. На конференцијата ќе се разгледува улогата на градовите и локалните власти во економскиот развој, како таа улога може да биде засилена за доброто на граѓаните од Југоисточна Европа и кои се најдобрите примери од кои градовите може да научат. Средбата има за цел да придонесе локалните власти да се наметнат како партнери на Европската Комисија и Советот за Регионален Развој во спроведување на регионалната агенда за економски развој кој е резултат на Берлинскиот Процес.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.