Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Јавен повик до општините за изразување интерес за учество на обука „Локализирање на целите за одржлив развој“
4 декември 2020
 

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија - ЗЕЛС започна со спроведување на проектот „Регионално учење за имплементација на Агенда 2030 во Југоисточна Европа“ кој се имплемнтира во соработка со NALAS, Мрежата на асоцијации на локални власти на Југоисточна Европа, а поддржан од GIZ, Германското друштво за меѓународна соработка.

Една од целите на проектот е зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи за интегрирање на Целите за одржлив развој и примена на принципот „Никој да не биде изоставен“ при креирање на локалните политики и буџети.

Во рамки на проектните активности, Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија – ЗЕЛС објавува jавен повик до општините за изразување интерес за за учество на обука „Локализирање на целите за одржлив развој“.

Обуката ќе ги унапреди знаењата на учесниците за концептот за одржлив развој и принципот „Никој да не биде изоставен“, како и ќе придонесе кон подобрено практично знаење за идентификување на ефективни одржливи решенија, следејќи ги Целите за одржлив развој. Обуката ќе овозможи зајакнување на капацитетите на тимови составени од професионалци кои учествуваат во стратешкото планирање во локалните самоуправи. Крајната цел на обуката е интегрирање на Агендата 2030 и Целите за одржлив развој во локалните политики.

Како дел од оваа проектна активност, ЗЕЛС ќе организира четири еднодневни обуки (една обука по општина) за тимови од професионалци од четири општини, во периодот јануари - јуни 2021 година.

Критериуми за проценка

Комисија составена од ГИЗ, НАЛАС и ЗЕЛС (ЗЕЛС без право на глас) ќе ги евалуира обрасците за пријавување доставени од општините, врз основа на следните критериуми:

ü Бројот и нивото на административни службеници кои општината ќе ги вклучи во обуката, како и бројот на одделенија кои хоризонтално ќе бидат опфатени со обуката;

ü Пристапот на општината во однос на интегрирањето на Целите за одржлив развој во стратешките документи на општината;

ü Пристапот на општината во однос на воспоставување на одржливи партнерства со релевантни чинители на локално ниво (претставници на институции, невладини организации, приватен сектор, експерти) со цел достигнување на Целите за одржлив развој;

Постапка за пријавување и краен рок

Заинтересираните општини мораат да го пополнат образецот за пријавување и да го достават до ЗЕЛС. Крајниот рок за доставување на обрасците за пријавување е 18 декември 2020 година.

Пополнетиот образец мора да се испрати по електронски пат на следниве адреси: contact@zels.org.mk и blagorodna.shopova@zels.org.mk со назнака во мејлот

Subject 01/2020_training agenda 2030.

Исто така, општините што ќе се пријават на овој Повик за изразување интерес за учество на обука „Локализирање на целите за одржлив развој“ задолжително треба да го пополнат Прашалникот за проценка на потребите за обука, кој можете да го најдете на следниот линк:

https://forms.gle/J62Q4hUQKgUGj8239

ПРИЈАВА



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.