Политика на приватност
Политика на приватност
Политика за користење колачиња
Политика за колачиња

Потпишан договорот за примопредавање на 30 нови контејнери за селекција на стакло во Општина Штип
12 февруари 2021
 

Денес, потпишавме договор за примопредавање на дополнителни 30 контејнери за селекција на стаклена амбалажа. Со тоа општина Штип, како пилот- општини од нашата земја што учествува во Регионалниот проект „Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“ доби вкупно 60 специјализирани контејнери за оваа намена. Ова ќе ни помогне да отидеме чекор напред во подготовките за селекција на тврдиот од мекиот отпад, што ќе треба да го депонираме по воспоставувањето на регионалната депонија. Очекувам сите граѓани во општината, во што поголем број навремено да ја стекнат навиката за селектирање на стаклената амбалажа, но и на останатите видови на цврст отпад, како хартијата, пластиката и слично. Тоа ќе доведе до намалување на предадениот отпад во депонијата и помали трошоци за општината и за граѓаните. Со новите контејнери и оние што ги имавме претходно, сметам дека засега обезбедивме соодветна инфраструктура за собирање на стаклена амбалажа“. Ова го истакна градоначалникот на општина Штип, Сашко Николов, на свеченото потпишување на договорот за примопредавање на новите контејнери, што се реализираше на 11 февруари,2021 година во општинската зграда во Штип. Договорот го потпишаа Градоначалникот на Општина Штип, претставник од Германското друштво за интернационална соработка ( ГИЗ) и директорот на Јавното претпријатие ЈП „Исар“. Овој проект во Република Северна Македонија се реализира со поддршка на ЗЕЛС, Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) и ПАКОМАК.



На потпишувањето присуствуваше и извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ која посочи дека во рамките на проектот и во двете пилот општини од нашата земја, ќе се мери количината на собраното стакло, со цел таа да биде зголемена, најмалку за 20% од досегашните количини. Перишиќ посочи дека во овој процес, граѓаните претставуваат најважната алка и затоа се очекува нивна масовна поддршка. Присутните беа информирани дека во рамките на Проектот се очекува наскоро да бидат приклучени и уште четири единици на локална власт од нашата земјата: Град Скопје и општините: Тетово, Гевгелија и Битола, кои исто така ќе добијат соодветен број на вакви контејнери за рециклажа на стакло.

-“Целта на Проектот е воспоставување на економски вредносен синџир на рециклирање стакло во регионот. Во таа насока се реализираат низа активности, меѓу кои: поставување на соодветна инфраструктура на контејнери за одложување на стаклото во пилот-општините; спроведување на кампања за едукација на населението за важноста од селектирање на стаклото; зголемување за 20% на собраните количини на стакло; потоа спроведување на обука за јавните комунални претпријатија и развивање на три бизнис модели за општините (урбан, рурален и ХОРЕКА ) што во следниот период ќе послужат како урнек за успешно управување со отпад од стакло“. Ова, пред присутните медиуми на настанот го истакна претставничката од ГИЗ, Александра Караевска Димовска.



- „Се трудиме да обезбедиме граѓаните да добијат што посовремена услуга, да имаат лесно пристапни контејнери и да им обезбедиме лесно да се приклучат кон селектирањето на отпадот и заштитата на својата животна средина. Се надеваме дека граѓаните ќе ни помогнат и ќе обезбедиме околу 6 тони собрана стаклена амбалажа на месечно ниво“, посочи Игор Макаловски од компанијата „ПАКОМАК“.

Апел до граѓаните упати и директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев, кој нагласи дека штипјани сега имаат можност стаклената амбалажа да ја стават во овие зелени контејнери кои се распоредени насекаде во нивната непосредна околина на живеење. Со тоа, тие ќе придонесат да се намалат грдите слики на расфрлано стакло и на дивите депонии и ќе придонесат за имаат поубав град и почиста животна средина.

Проектот „Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан “истовремено се спроведува во три држави: Македонија, Србија и Босна и Херцеговина земји и започна да се реализира во шест пилот –општини, меѓу кои од нашата земја покрај општина Илинден учествува и Општина Штип. ЗЕЛС, во соработка со Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) е партнер во имплементација на проектот во нашата земја, што е финансиран од Сојузното министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ) и компанијата ПАКОМАК (Македонија), во рамки на програмата за соработка со бизнис секторот DeveloPPP.de. Оваа програма (DeveloPPP.de) на Германското сојузно министерство за соработка и развој е насочена кон градење и развој на соработка меѓу јавниот и приватен сектор на локално ниво.



назад

Стратешки план 2021-2025

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Прирачник и протоколи за комуникација на координатори /ки за еднакви можности на жените и мажите во ЕЛС
Прирачник и протоколи за комуникација на координатори /ки за еднакви можности на жените и мажите во ЕЛС

� Copyright ???? 2009, ???? ????? ?? ????????.