ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Публикуван новиот број на Гласилото на ЗЕЛС
3 март 2017
 

Во втората половина на месец февруари 2017 година, ЗЕЛС достави Акциски план за воспоставување електронски систем за размена на потребната документација за данокот за промет на недвижности. Акцискиот план беше подготвен од страна на работната група составена од претставници од повеќе општини, Град Скопје, одредени министерства и други релевантни институции и агенции. Овие активности произлегоа од предложените владини мерки за подобрување на деловното окружување, во согласност со препораките на извештајот „Дуинг бизнис 2017‘‘ на Светска банка, за скратување на времето и процедурите кај индикаторот „регистрирање на имот“. Со оглед на искуството што ЗЕЛС го има со воспоставувањето на електронскиот систем за добивање градежни дозволи „Е-дозвола за градба“, беше препорачано ЗЕЛС да ја формира работната група и да ги координира сите активности.

На 1. февруари 2017 година, во просториите на ЗЕЛС, Комитетот на советите одржа седница на којашто беше извршена промена на местото потпретседател на ова тело. За нов потпретседател на Комитетот беше назначен Александар Арсиќ. Промените се извршени поради изборот на досегашниот потпретседател на ова тело за пратеник во Собранието на РМ. На состанокот, присутните беа информирани и за обврската на локалната власт за соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, во случаи на потреба од сузбивање на заразни болести кај животните, како што неодамна беше појавата на „авијарна инфлуенца“, или птичји грип, во село Мороишта, општина Струга. Беше посочена и потребата да се свика седница на ова тело најмалку еднаш во текот на месецот, со цел зајакнување на дискусијата и размена на информации за работењето на општинските совети од сите региони.

По примената на електронската алатка „Е–урбанизам“ за изработка на просторна и урбанистичко-планска документација, општините ќе ја имаат можноста да го користат и Графичкиот регистар за градежно земјиште (ГРГЗ), кој го имплементира Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија (АКН). По тој повод, во компјутерскиот центар на ЗЕЛС, на 23. и 24. февруари 2017 година беше претставен овој регистар и неговата намена, а присутните го проследија и претставувањето на изработката и одобрувањето на урбанистичките планови и урбанистичката планска документација во контекст на ГРГЗ. Обуките ги организираше ЗЕЛС, при што беа поканети најмалку по двајца претставници од секоја општина, од областа на урбанистичкото планирање.

Во овој број на „Гласилото на ЗЕЛС“ се претставени и буџетите на неколку општини што доставија информации за тоа во која насока ги предвиделе активностите за 2017 година, а со тоа и распределбата на финансиските средства. Може да се забележи дека при утврдувањето на буџетската распределба, сите општини најмногу средства одвојуваат за инфраструктурни зафати, како и за изработка на урбанистички планови, што биле утврдени како најизразени потреби на граѓаните. Интересно е и тоа што сѐ повеќе се посветува внимание и на реализацијата на активности од областа на енергетската ефикасност, како еден од начините да се дејствува за поголема заштита на животната средина, но особено за да се обезбеди заштеда на финансиски средства на општината. За овие и за други информации можете да прочитате поопширно во овој број на „Гласилото на ЗЕЛС“





Прилог: Zels Fevruari 2017 MK ENG_ZA ODOBRUVANJE I WEB.pdf
назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.