Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Потребно иницирање на низа законски измени за подобрување на условите за економски развој во локалната власт
26 март 2019
 

 

Борјанчо Мицевски, Градоначалник на Општина Крива Паланка е новиот претседател на Комисијата за локален економски развој при ЗЕЛС. Така одлучија членовите на ова тело, на конститутивниот состанокот, што се одржа на 25 април, 2019 година, кога членовите на Комисијата беа информирани и за улогата, задачите и значењето на ова комисија, како и за законската регулатива која во следниот период може да биде предмет на разгледување на Комисијата.

На почетокот присутните се задржаа на легислативата од областа на туризмот, при што беа посочени: Законот за такса за привремен престој, Законот за угостителска дејност и Законот за туристичка дејност, за кои беа изнесени низа забелешки и на обуката што ЗЕЛС ја организираше во месец декември, посветена на туризмот во локалната власт. Присутните беа запознаени и со конкретните барања пристигнати од Општина Гевгелија, која иницира измени во Правилникот за категоризација на објекти од физички лица кои вршат услуги за сместување, а предлага и воведување на електронски систем за пријавување на гости. При тоа беше покренато прашањето за потребата од воведување на словенечкиот модел за пресметка на такса за привремен престој (ТПП) преку плаќање на паушален износ на годишно ниво, при што приходите од таксата да се 100% приход на општината. Беше посочено дека повеќето општини се соочуваат со сериозни предизвици поради неплаќање на оваа такса, потоа со непријавувањето на гостите и нерегистрираните издавачи на станови. Како една од главните причини за тоа беше наведен недостаток на кадри во општината за вршење на инспекциски надзор во оваа област. Поради тоа присутните ја подржаа иницијативата за обезбедување на електронски систем за евидентирање на туристите и понудувачите на престој, кој би го водела општината а, би бил директно поврзан и со МВР и со УЈП. Заклучокот што го донесе Комисијата по ова прашање беше сите општини да достават мислење и предлози до ЗЕЛС за предизвиците со кои што се соочуваат при спроведување на обврските кои произлегуваат од овие три закони најдоцна до средината на месец април. Потоа Комисијата на својот следен состанок истите ќе ги разгледа и ќе донесе сублимирани заклучоци кои ќе бидат презентирани пред Управниот одбор на ЗЕЛС.

Присутните го покренаа и прашањето околу распределбата на средствата за реализација на проектите што се финансираат по основ на рамномерен регионален развој, каде освен централната власт, со сопствени средства секогаш партиципира и локалната власт. При тоа често се случува при електронското надавање за јавната набавка, некој од операторите да ја намали висината на својата понуда. Во такви ситуации, „заштедените средства“ од набавката ги задржува централната власт, а при тоа не се намалува и партиципацијата со која учествувала општината. Затоа присутните посочија на потребата да се иницира барање до Владата, до Советот за рамномерен регионален развој (Советот за РРР), Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој, со кое при вакви ситуации, кога ќе се направи заштеда при електронското надавање на јавната набавка, овој износ пропорционално да се намали и на сметка на учеството што го дала општината.

На состанокот повторно беше реафирмирана иницијативата за основање на гарантен фонд за помош на општините, што би го обезбедило Министерството за финансии. Ваквиот фонд ќе претставува огромна поддршка за сите локални власти, а особено за руралните општини, при аплицирањето за проекти од ИПА програмите и други европски фондови.

Членовите на Комисијата беа запознаени и со Програмата за Сертификацијата на општини со поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа (БФЦ ЈИЕ), каде ЗЕЛС заедно со Сојузот на стопански комори (ССК) ја имаат улогата на национално сертификационо тело за Република Северна Македонија. По спроведувањето на претседателските избори во земјата, ЗЕЛС ќе објави повик до сите општини, на кој можат да се пријават за да го спроведат процесот за стекнување со овој сертификат. Станува збор за единствена програма за подобрување и усогласување на условите за бизнис, поттикнување на економската соработка и привлекување нови инвестиции во регионот на Југоисточна Европа. БФЦ ЈИЕ е печат на квалитет, препознаен во меѓународни рамки како показател за ефикасна локална администрација и поволна инвестициска клима во Југоисточна Европа. БФЦ ЈИЕ програмата овозможува соработка на сите актери кои се вклучени во процесот на привлекување инвестиции и развој на услови за подобро и полесно работење.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.