Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Општинските координатори се запознаа со новиот Проект на ЗЕЛС за родово одговорни општини
28 октомври 2019
 

Општинските координатори се запознаа со новиот Проект на ЗЕЛС за родово одговорни општини

Во ЗЕЛС тренинг центарот, на 25 октомври, 2019 беше одржана работна средба на координаторите за еднакви можности од општините, на која беа презентирани активностите предвидени во новиот проект - “Кон родово одговорни општини: зајакнување на општинските капацитети за политики за родова еднаквост и родово одговорно буџетирање“. Проектот ќе го реализира ЗЕЛС со поддршка на UN Women и ќе се спроведува до втората половина на 2021 година. Основната цел на проектот е општините да имплементираат напредни политики за родова еднаквост на локално ниво.

Пошироко вклучување на општинската администрација во креирањето на родови активности

Фокусот ќе биде ставен на пошироко информирање и вклучување на целокупната општинска администрација за тоа што претставува родово одговорно буџетирање, кои се обврските на општината и како таа да обезбеди јакнење на свеста на граѓаните за градење на квалитетни политики за родова еднаквост на локално ниво. Во таа насока, освен обуките што ќе ги реализира ЗЕЛС за координаторите и за членовите на комисиите за еднаквите можности на жените и мажите, ќе бидат реализирани обуки и за лицата од секторите или одделенијата за финансии и планирање на буџет, како и за лицата за односи со јавноста (ПР). Целта е да се влијае за доследна примена на обврските на општините кои произлегуваат од Законот за еднакви можности на жените и мажите; да се развиваат стратегиски документи за родова еднаквост; полесно да се препознаат специфичните потреби на жените и на мажите на локално ниво; да се унапреди партиципативниот принцип при планирањето на општинскиот буџет и следствено на тоа и да се лоцираат финансии во истиот, во согласност со претходно утврдените потреби на граѓаните. Во таа насока, во општините се повеќе се развиваат интер-секторските работни групи, кои во голем број општини активно работат на адекватно утврдување на Програмата за еднакви можности на мажите и жените, чие подготвување претставува законска обврска за секоја општина.

Формирана Лоби група за застапување на интересите на локалните родови политики пред централната власт

Присутните беа информирани дека во проектот е предвидено натамошно унапредување на електронската платформа за родово одговорно буџетирање www.rob.zels.org.mk., што ја креираше стручната служба на ЗЕЛС. Се предвидува надградување со нови алатки и техники за родово разделени податоци во општината, како и развивање на унифицирани алатки за промоција на општинските активности за родова еднаквост преку општинските канали за информирање. Нагласена беше и заложбата на ЗЕЛС за унапредување на нејзината улога во процесот на лобирање и застапување на општините пред централните институции за градење на адекватни услови за развивање на родови политики на локално ниво. Во таа насока ЗЕЛС формира Лоби група, составена од градоначалнички и претседатели на совети, кои на политичко ново ќе ги застапуваат ставовите на општините пред релевантните институции. Предвидено е и зголемување на бројот на членови на Работната група за родова еднаквост на ЗЕЛС, на доброволна основа. Нивната инволвираност во активности од овој проект ќе биде поинтензивна, а се однесува на развивање на нови алатки и методологии за родова еднаквост и РОБ.

Поддршка на интер-ресорските групи и размена на добри практики –дел од барањата на координаторите

Присутните беа запознаени со резултатите од прашалникот што го достави ЗЕЛС до координаторите и до општинските секретари за изнесување на видот на обуки што им се потребни од оваа област. Координаторите изразија големо задоволство што ЗЕЛС продолжува со активности за поддршка на локалната власт во градењето на политики за родово одговорно буџетирање и родова еднаквост. Беше нагласена потребата секоја општина да има најмалку едно лице во општинската администрација кое исклучиво ќе биде одговорно за оваа област, бидејќи активностите се обемни и важни. Посочија дека во одредени општини, координаторите имаат тешкотии околу обезбедувањето на кворум за работа на КЕМ. Нагласија дека посебен акцент и поддршка во иднина треба да се стави на работењето на интер-секторските работни групи кои се составени од претставници од сите одделенија од општината што работат на планови и политики за РОБ и РЕ. Во таа насока посочија дека е многу полезно што ЗЕЛС ќе посвети поголемо внимание на финансиските службеници и ПР лицата. Беа истакнати добри примери на работењето на овие интер-секторски групи, кои работат на развивање на соодветни алатки, но и на утврдување на соодветни активности и средства во Програмата за еднакви можности на жените и мажите. Општина Карпош посочи дека благодарение на големиот ентузијазам на членовите на интер-секторската работна група, во Програмата биле предвидени 452.000,00 денари и сите средства биле искористени за реализација на проектите од областа на родовата еднаквост. Но беа изнесени и примери од општини каде предвидените средства во оваа Програмата не се искористуваат воопшто или подоцна се пренаменуваат за други цели. Координаторите повторно ја нагласија потребата за изработка и воведување на унифицирани процедури и документи, што ЗЕЛС веќе го има предвидено за реализација со новиот Проект.

Потребата од размена на добри практики, односно проекти што локалните власти од земјава или надвор од неа ги спроведуваат за обезбедување на поголема родова застапеност беше исто така нагласена од страна на координаторите. Координаторката од Општина Валандово, ја претстави иницијативата на Комисијата за еднакви можности во нивната општина за поголема вклученост на децата од руралните средини во градинките, со цел поддршка на руралната жена поактивно да се вклучи во одредени работни обврски, но и за поголема социјализација и образование на овие дечиња. Истакна дека е иницирано општината да обезбеди бесплатен превоз, за да одат овие деца во најблиските градинки во Валандово, Пирава, Удово и Брајковци, а во втората фаза да се обезбеди изградба на градинки и во останатите населени места. Уште една придобивка од оваа иницијатива, е што децата од селото Дедели, каде населението е до турска националност, уште од мала возраст ќе имаат можност да се запознаат со македонскиот јазик, и обратно, македонските деца ќе го запознаат турскиот јазик. При тоа покрената е иницијатива да се обезбеди и негувателка која ќе го говори турскиот јазик.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.