Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Градоначалниците од шеснаесет општини изразија подготвеност за поддршка при формирање на регионални COVID центри
10 јули 2020
 

На барање на Министерството за здравство, на 10 јули, 2020 година, преку електронска платформа беше одржан состанок на претставници од ова министерство со градоначалниците на општините: Гевгелија, Куманово, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар, Гостивар, Струга, Кочани, Охрид, Велес, Тетово, Штип, Битола и Ресен. Комисијата за заразни болести и Министерот за здравство, со цел да го припремат здравствениот систем за справување со корона вирусот, при евентуален нов есенски бран на криза предлагаат формирање на регионални COVID центри во градовите каде веќе постојат општи болници и здравствени домови во кои би можело да се аплицира систем на монтажни модули, односно мобилни болници.



Градоначалниците го поддржаа ваквиот предлог укажувајќи дека и до сега максимално се вклучени во сузбивањето на здравствената криза и поддршката на граѓаните. Тие изразија подготвеност да помогнат и во изнаоѓањето на најсоодветните локации, доколку тоа не може да се реализира во кругот на општата болница, (како што се слободни училишта, интернати, хотели и слично) при што побараа да им бидат обезбедени дополнителни насоки, планови за проширување на здравствените капаците или предлог модели со технички спецификации за условите кои треба да ги има локацијата ( пристапни влезови и излези, лифтови, дотур на вода, третирање на отпадот и слично). Со помош на јавните комунални претпријатија ќе се погрижат локацијата да се доведе во прикладна состојба за да може да се постави монтажната болница, при што посочија на потреба за поддршка од државата за евентуално ,,олеснување,, при реализација на правните процедури за поставување на вакви времени објекти.

Градоначалниците, исто така, ги изнесоа предизвици со кои се соочувале во изминатиот период, како при спарвувањето со кризата, така и во комуникацијата со министерството за здравство и со Комисијата за заразни болести, поради што побараа во овој период да се изработат потребни протоколи за одредени постапки што ќе треба општината да ги презема. Стана збор и за дезинфекцијата што се врши на јавни површини и установи, односно каде, како и дали воопшто треба да ја врши општината, потоа за подршката со заштитни маски и други помагала што локалната власт ги обезбедува за граѓаните но и за здравствените установи. Беше нагласена потребата за соодветно и навремено информирање на општинските кризни штабови за состојбата на епидемиолошката карта на општината и слично. Исто така, на состанокот беше истакнато дека одредени општини се соочуваат со исцрпени локални буџети, токму заради реализација на низа активности од оваа област и дека во иднина може да се очекува тоа да преставува сериозна пречка за активности на локалната власт во насока на превенција и заштита од вирусот.



Од министерството за здравство се заблагодарија за добиената поддршка од локалната власт и градоначалниците. Тие најавија дека на 13 јули, 2020 година ќе организираат состанок со директорите на болниците во овие градови од каде ќе добијат дополнителна слика за здравствените капацитети и техничките потреби и дека соработката мора да продолжи во насока на што поподготвено превенирање од евентуален, позасилен бран од оваа епидемиолошка криза, во следниот период .



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.