Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Функционалната анализа - основа за изработка на актот за внатрешна организација и на актот за систематизацијата на работните места
12 декември 2018
 

 

Единиците на локалната власт како и институциите во јавниот сектор во Република Македонија, од 2015 година имаат законска обврска да подготвуваат акт за Внатрешна организација и Акт за систематизација на работните места, кои треба да се засноваат на изготвена Функционална анализа. Одговорни за изработка на овие документи се преставниците од одделнијата за УЧР, па во таа насока, на 7 декември, 2018 година ЗЕЛС тренинг центарот организираше работилница за членовите на Мрежата за управување со човечки ресурси при ЗЕЛС, на тема „Методологијата за имплементација на функционална анализа во институциите на јавниот сектор“. Со оваа тема, пртставниците од Мисијата на ОБСЕ во нашата земја, ги запонаа и градоначалниците на средба што беше организирана пред одреден период.

Правна рамка

Во согласност со Закон за вработени во јавниот сектор е донесен и Правилник за содржината и начинот на подготовката на овие два акта, како и за содржината на функционалната анализа на институциите во јавниот сектор („Службен весник на РМ“ број 11/15). Со последните измени на овој Закон („Службен весник на Република Македонија“ број 198/18) институциите ги донесуваат овие акти по спроведена функционална анализа, базирана на докази. Во институцијата во која заради процесот на интегрирање на Република Македонија во Европската Унија, односно заради преземени обврски од EУ проекти има потреба од систематизирање на повеќе работни места отколку што е утврдено во ставот (5) на овој член, бројот на систематизирани работни места се утврдува согласно со функционалната анализа, одобрена од Министерството за информатичко општество и од органот надлежен за буџет.“. Новина во овој дел претставува обврската на МИОА да дава согласност и на Функсионалната анализа, а се наметнува обврската и на органот надлежен за буџет да дава согласност за ФА.ОС следната година се активираат и обврските од член 17, став 5, во Актот за ситематизација на работните места. Целосна ФА треба да се спроведува на секои четири години или кога ќе настанат значителна промени во однос на надлежностите и поставеноста на институцијата. Овие активности претставуваат дел од реформите во јавната администрација.

Суштина и критериуми

ФА треба да претставува алатка за раководството за подобрување на ефикасноста и ефективноста на извршувањето на работните задачи во рамки на внатрешната поставеност, како и за дистрибуцијата на расположливите ресурси (кадровски, просторни, ИТ, технички и др.) ФА сама по себе не предизвикува суштински промени, туку поставува рамка на сите потребни процеси на развој на капацитетите и на управувањето. Суштината на ФА е да ги идентификува предизвиците од организациски и функционален аспект, кои можат потенцијално да го отежнат или попречат остварувањето на актуелните надлежности и задачи на институцијата, но и оние кои се предвидуваат со стратешките документи и при тоа да се предложат конкретни мерки за подобрување на исполнувањето на целите и задачите на институцијата, насочени кон остварување на очекуваните резултати.



На работилница беше детално образложен и критериумите на ФА кои треба да дадат јасна слика за институцијата во однос на надлежностите, целите, приоритетите и очекуваните резултати, каде меѓу другото беше наведено дека е потребно да се воспостават јасни и пишани процедури за работните процеси и да се утврди добра и редовна комуникација меѓу организациските единици во институцијата. Исто така, стана збор и за самиот процес на спроведување на анализата, тргнувајќи од формирање на тим одговорен за нејзина реализација, собирање на информации за расположливите човечки капацитети, потоа податоци за перцепцијата на вработените во институцијата, спроведување на интервјуа, анализа и категоризација на функциите, па се до анализа на информациите и евалуација според критериумите. Стана збор и по кои препораки треба да се водат општините при нејзиното спроведување, а беа презентирани и примери од извештаи од одредени институции кои веќе спровеле функционална анализа и истите им беа електронски доставени на присутните .



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.