ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Обезбедени законски олеснувања за поадекватно регулирање на превозот на учениците, во рамките на општинскиот и меѓуопштинскиот линиски превоз
5 септември 2018
 

Собранието на Република Македонија, на 3 септември 2018 година, на 58 седница, го усвои предлогот на Закон за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, со кој се врши уредување на начинот на остварување на правото на бесплатен превоз на учениците од основните и од средните училишта, во рамките на општинскиот и меѓу-општинскиот линиски превоз. Станува збор за иницијатива што ја покрена ЗЕЛС, за решавање на предизвиците со кои се соочуваат локалните власти при спроведувањето на надлежностите во образованието, а пред се во делот на превозот на учениците, каде голем број на општини имаат наталожено огромни долгови. Со усвоените дополнувања во Законот за превоз во патниот сообраќај се направија две измени:

Првата измена се однесува на член 22, каде се додава нов член 22-б, кој гласи „ бесплатен превоз на ученици, утврден со Закон на основното и со Закон за средното образование, на подрачјата на општините каде има утврдено возен ред се врши од страна на носителите на дозвола за општински линиски превоз, по цени и на начин утврдени од Советот на општината и Советот на Град Скопје“.

Втората измена се однесува на додавање на нов член 27-б, кој гласи „ бесплатен превоз на ученици, утврден со Закон на основното и со Закон за средното образование, на подрачјата на две или повеќе општини каде има утврден возен ред во рамки на меѓ-уопштинскиот линиски превоз се врши од страна на носителите на дозвола за меѓу-општински линиски превоз, по цени утврдени од превозниците кои не можат да бидат повисоки од цените за останатите патници.“

Со овие измени се очекува во општините, кои имаат организиран линиски превоз, како и онаму каде се врши меѓуопштински линиски превоз од страна на носители на дозволи, да се обезбеди учениците од основните и од средните училишта да се возат по реални цени, а не како што се случуваше во изминатиот период, цената за превоз по ученик да биде дури и десеткратно повисока од реалната.

ЗЕЛС во континуитет, изминатите години доставуваше иницијативи до МОН и другите надлежни институции за преземање на активности со кои ќе се надминат огромните финансиски долгови што локалните власти ги наталожија во делот на спроведување на законските обврски во образованието, а пред се иницираше зголемување на средствата во блок дотациите од најмалку 30%. На шестата седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, што се одржана на 12 јули, 2018 година, на која беше повикан и министерот за образование и наука, Арбер Адеми, повторно беше покрената темата за долговите на општините во образованието. Беше формирана Работна група во состав: Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола; Теута Арифи, градоначалник на Општина Tетово ; Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово; Фатмир Дехари, градоначалник на Општина Кичево и Ивица Тошевски, градоначалник на Општина Ранковце и по еден претставник од Министерството за образование и наука (МОН) и од Министерството за транспорт и врски (МТВ) која во мошне краток период утврди предлог- решенија што беа доставени и усвоени од Управниот одбор на ЗЕЛС, а потоа беа доставени и до сите единици на локалната власт, до Владата на Република Македонија, до МОН и до МТВ. Во рамките на донесените предлог- решенија беа опфатени и горенаведените предлози за измени на Законот за превоз во патниот сообраќај, што ги усвои Собранието на Р.М. на седницата што се одржа на 03 септември, 2018 година.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.