ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Конститутивната седница на Генералното собрание на ЗЕЛС - закажана за 29 ноември, 2017 година, во Скопје
10 ноември 2017
 

Конститутивната седница на Генералното собрание на ЗЕЛС

закажана за 29 ноември, 2017 година, во Скопје

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија –ЗЕЛС, најавува дека конститутивната седница на Генералното собрание на ЗЕЛС ќе се одржи на 29 ноември, 2017 година, со почеток во 12.00 часот, во Скопје.

Генералното собрание на ЗЕЛС е највисокото тело на Заедницата, кое го сочинуваат вкупно 90 делегати. Секој делегат има право на еден глас. Градоначалниците на единиците на локалната самоуправа по функција се делегати на Генералното собрание, а претседателите на општинските совети се нивни заменици. Делегати на Генерално собрание се и девет членови од редот на членовите на Комитетот на советите. Во случај на спреченост на делегатот, односно заменикот на делегатот да присуствува на седницата на Генералното собрание, делегатот може да овласти член на Советот на единицата на локалната самоуправа, да го заменува на седницата, со сите права и обврски на делегат, а ова овластување се потврдува во писмена форма.



назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.