ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Групацијата за домување побара поддршка од ЗЕЛС за целосна примена на Законот
11 мај 2018
 

Бројни недоречености на одредбите во Законот за домување, неназначени инспекциски служби во единиците на локалната самоуправа, долги инспекциски постапки и нелојална конкуренција на лиценцираните управители за домување се дел од проблемите што претставниците на Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор при Стопанската комора на Македонија ги изнесоа на состанокот што се одржа на 10 мај, 2018 година. Освен управителите за домување, на состанокот беа поканети и претставници од ЗЕЛС , од Регулаторната комисија за домување и од други адекватни институции. Од Групацијата потенцираа дека голем број на единици на локалната самоуправа немаат назначено инспектори за домување или пак, нивното назначување не е во согласност со Законот за домување, а и онаму каде ги има, се забележуваат низа нерегуларности во постапките што ги водат. Беше потенцирано дека голем број локални власти не ја исполниле законската обврска и не донеле Годишна програма за домување, нуту пак, водат Регистар на станбени згради и станови и Регистер на управители на станбени згради на своето подрачје, а податоците потоа не ги доставуваат до Агенцијата за катастар на недвижности. Како што посочија од Групацијата, сето ова заедно со недореченоста на законските одредби доведува и до нелојална конкуренција во оваа област, од која најмногу страдаат граѓаните.

Претставниците од ЗЕЛС побараа од Групацијата, сите нивни забелешки кои се однесуваат на активностите и обврските на локалната власт, од аспект на спроведување на Законот, во писмен допис да ги достават до ЗЕЛС ,а потоа истите ќе бидат разгледани и разработени од страна на телата и органите на Заедницата. Беше посочено дека ЗЕЛС останува отворен за соработка, и дека ќе учествува и во разработката на текстот на новиот Закон за домување, што е во фаза на подготовка, во насока на обезбедување на поддршка на локалните власти во имплементација на надлежностите и надминување на предизвиците во оваа област.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.