Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Унифицирана методологија и стандардизирани процедури за навремено и соодветно планирање на општините политики и планови
18 декември 2020
 

На онлајн дебата посветена на процесот на развој на општински политики во согласност со принципот на демократско управување, што се одржа на 12 декември, 2020 во рамките на заедничката активност на ЗЕЛС и Мисија на ОБСЕ во Скопје на која учествуваа претставници од општините се дискутираше за наодите од спроведеното истражување со општините на оваа тема. Претставничката од ЗЕЛС, Ирена Николов во воведното обраќање објaсни за заедничката активност на ЗЕЛС и Мисијата на ОБСЕ во Скопје во однос на утврдувањето на предизвиците на општините во однос на креирањето на општински политики и документи со примена на демократските принципи за што беше спроведено истражување со пополнување на Прашалник од страна на општините на оваа тема, кој беше одговорен од речиси половина од локалните самоуправи кои генерално се соочуваат со исти предизвици и потреби во оваа област. За таа цел, како што презентираше и претставникот од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Душко Тодоровски ќе се изработи Водич за изработка на општински политики во кој би се содржале и добрите пракси од општините кои веќе применуваат стандардизирани методологии и пракси за вклучување на граѓаните и други локални организации при креирањето на општинските политики. Во таа насока зборуваше и претставникот од Гостивар кој се осврна на усвоената Методологија за јакнење на локална демократија со кој документ има успешна примена на демократските принципи при креирањето на политиките и документите. Исто така, тој се осврна и на Форумите во заедницата како алатка за партиципативно учество кое треба да се реафиримира кај оние општини кои како инструмент за партиципативно учество се уште не го вклучиле во статутот на општината. Претставникот од Богданци зборуваше и за некои воспоставени праски кои треба да се земат впредвид при креирањето на Водичот, а се однесуваат на праксата за лична средба на граѓаните со градоначалникот за решавање на одредени проблеми, како и политичката програма на градоначалникот што многу често е главна водилка кај општините при креирањето на општинските политики, документи и програми. По тоа, претставникот од ОБСЕ продолжи со презентирање на клучните наоди од истражувањето што беше спроведено во период октомври-ноември 2020, а општините имаа можност да одговорат на воведни општи прашања и четири тематски целини согласно процесот на развој на локални политики. По презентираните сумирани одговори, тој се осврна и на препораките што произлегуваат од истражувањето структурирани во дефинирање на локалните приоритети, подготовка на документ за политика, усвојување, спроведување, мониторинг и евалуација.

Во однос на дефинирањето на локалните приоритети се препорачува:

• Зајакнување на капацитетите за стратешко планирање, што опфаќа и воведување задолжителни номотехнички и стандардизирани технички правила за содржината и формата на елементите кои треба да се дел од стратешките планови;

• Организација на консултации со граѓани во рана фаза на дефинирање на локалните приоритети и распределбата на буџетските средства;

• Користење на онлајн алатки и технологии за прибирање информации околу ставовите и потребите на граѓаните;

• Изработка и промоција на иновативни решенија (вклучително и е-алатки) за граѓанско учество.

Во делот на подготовка на документите за политика, потребно е:

• Изработка и редовно ажурирање на сопствени општински податоци и статистики кои ќе служат како основа за изработка на документи за политики врз основа на докази, како и користење на податоци и статистики подготвени од граѓанските организации и од бизнис секторот;

• Вклучување на претставници од различни сектори од општинската администрација и надворешни членови во работни групи за креирање политики;

• Засилена и правилна употреба на формите за непосредно граѓанско учество;

• Објавување нацрт-документи за политики на увид на јавноста;

• Следење на родово поделена статистика и поттикнување родова рамноправност во процесите

При усвојување и спроведување на документи за политика, генерално кај сите општини е потребно:

• Поактивно учество на Советот во финализирањето на содржинскиот аспект на документите за политики;

• Вклучување на надворешни членови стручни во конкретната област на седниците на Советот на кој се носат одлуки, односно се гласа за усвојување на документи за општински политики;

• Користење иста структура за документи и акциски планови со поставени конкретни активности, рокови, одговорни лица/органи, учество на засегнати страни итн.

• Вклучување на граѓани и граѓански сектор во спроведување на локалните документи за политики

Додека пак при процесот на мониторинг и евалуација, неопходно е:

• Дефинирање на јасни процедури за мониторинг и евалуација на резултатите и влијанието од спроведувањето на документите за политики

• Задолжително формирање на работни групи и/или поставување надлежни лица/оддели за мониторинг на спроведувањето на документите за општински политики

• Засилено извстување на јавноста за постигнатите резултати, со фокус на влијанието врз секојдневниот живот на граѓаните

Претставничката од Општина Велес ја поздрави оваа иницијатива за изработка на Водич за општините потенцирајќи ја потребата од унифицирани и стандардизирани методологии за навремно планирање на приоритетите за годината што ќе биде опфатена со планирањето, бидејќи во речиси сите општини дефинирањето на приоритети е задоцнето и неефикасно. Со стандарзирање на процедури ќе се избегне ненавременото дефинирање на општинските приоритети, ќе се обезбеди учество на засегнатите страни и ќе имаме политики во согласност со потребите и приоритетите на општините. Со оваа констатација се согласија и од Општина Куманово и Ресен и сите кои дадода конструктивен приодонес во оваа онлајн дебата.

На крај, беше заклучено дека општинските практики треба да бидат дел од Водичот за изработка на општински политики, кој според планот треба да биде издаден следната година.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.