Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Иднината на транспарентното работење на локалната власт е во обезбедувањето на што поголем број електронски услуги за граѓаните
29 ноември 2019
 

-„ Локалните власти покажуваат континуиран напредок во транспарентното работење. Некои општини досега постигнале поголем успех, некои помал, но сите се залагаат што повеќе да ги информираат своите граѓани за активностите што ги реализираат и за постигнатите резултати. Впрочем тоа го покажува и истражувањето, преку Индексот на отвореност каде во 2017 година регионалното ниво на отвореност на локалната самоуправа било 31 процент, а во 2018 година се зголемило на 36 проценти. Сметам дека една од причините за недоволниот број на отворени податоци на веб порталите на општините, а особено кај помалите општини е недостатокот на административен кадар, поради финансиските предизвици со кои се соочуваат, а уште повеќе недостатокот на кадри од областа на информатичката технологија на пазарот на трудот. Но транспарентноста не се сведува само за веб порталите, напротив, општините користат низа алатки за транспарентно работење во насока на информирање на граѓаните, преку организирање на собири, форуми, отворени денови и други бројни алатки кои се насочени кон обезбедување на поголема вклученост на граѓаните во донесувањето на одлуки од локално значење. Ова го истакна извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ на меѓународната конференција „Е-општество: Отворени институции и отчетност“ што се одржа на 28 ноември, 2018 година во Скопје, во организација на Фондацијата „Метаморфозис”.

Во своето обраќање Душица Перишиќ посочи дека иднината на транспарентното, отчетно, отворено работење на локалната власт ја гледа во обезбедувањето на што поголем број електронски услуги за граѓаните. Во таа насока таа истакна дека ЗЕЛС веќе има обезбедено повеќе информациски системи што ги користат сите општини (електронска платформа за градежно земјиште www.gradezno-zemjiste.mk; софтвер за електронско издавање на одобрение за градење www.gradezna-dozvola.mk; софтверска алатка www.e-stvari.mk за електронско јавно наддавање за спроведување на постапката за продажба и давање под закуп на недвижни и движни ствари и други. Сите овие ги одржува ЗЕЛС и истовремено обезбедува поддршка за нивно непречено користење. На тој начин се зголемува транспарентноста во работењето, се стеснува просторот за коруптивни дејства на администрацијата, граѓанинот може да биде информиран каде се наоѓа неговиот предмет во постапката во секој момент, се штеди на материјали, а пристапот до нив може да биде од било кое место на светот. Беше посочено дека ЗЕЛС обезбедува поддршка за јакнење на капацитетите на општинската администрација, па минатата година беа организирани обуки за транспарентно работење за лицата за односи со јавноста, а ЗЕЛС работи и на одржливоста на граѓанската алатка „форумите во заедницата“.

Според истражувањето на Фондацијата „Метаморфозис” преку Индексот на отвореност, како алатка на проектот ACTION SEE финансиран од Европската Унија, општините во нашата земја варираат од минимално ниско ниво на исполнување на индикаторите на отвореност, до највисоко рангирање од 52% - што го достигнала Општина Струмица. Во таа насока, секретарот на општината, Александар Оџаков, посочи дека локалната власт се грижи за секојдневно ажурирање на општинската страна со сите потребни информации за граѓаните а, се пласираат и што поголем број на отворени податоци. На неа се поставени интерактивни електронски алатка каде граѓаните може да изнесат предлози и забелешки, прашања и да добијат брз одговор. Лицата за слободен пристап до информации редовно ги вршат активностите, во согласност со законот; се организираат бројни јавни собири, а особено се користат „ буџетските форуми во заедницата“во насока на зголемување на граѓанското учество во донесување на локални одлуки. Градоначалникот има „отворени денови“; седниците на Советот се јавни; се објавуваат одлуките во Службениот гласник; се работи интензивно со месните заедници каде непосредно секој граѓанин може да се информира за она што е во доменот на неговото интересирање. Оџаков ја претстави и публикацијата „Водич низ услугите и постапките на општина Струмица “ чија електронска форма е поставена на веб порталот на општината. Водичот е одлично прифатен од граѓаните, бидејќи обезбедува важни информации за граѓаните за полесно и поефикасно аплицирање и добивање на сите услуги од локалната власт.

На конференцијата имаше гости од земјите од регионот. Претставничката од Општина Приштина (Косово) ги презентираше активностите што локалната власт ги презема за обезбедување на поголема транспарентност кон граѓаните. Таа посочи на трите електронски платформи преку кои граѓаните се информираат и активно учествуваат со свои мислења предлози и барања, а преку кои општината обезбедува значително зголемување на довербата кај граѓаните. Претставник од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) пред присутните ги презентираше резултатите од истражувањето за довербата на граѓаните во локалната власт, за минатата година.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.