ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Mакедонија -ЗЕЛС, има потреба од вработување на:Еден (1) извршител на работно место Советник за Информатичка технологија.
12 јули 2017
 

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Mакедонија -ЗЕЛС, има потреба од вработување на:

Еден (1) извршител на работно место Советник за Информатичка технологија.

1. Општи потребни квалификации за еден (1) извршител за информатичка технологија:

· Високо образование Факултети за Информатички науки, за Информатички технологии или останати технички факултети;

· Напредно познавање во развој на web базирани апликации:PHP, HTML, CSS, JavaScript, Java, Веб сокети , Glassfish, Node.JS ( да наведат примери каде што го стекнал знаењето и на кои проекти)

· Основни познавања на следните програмски јазици: .NЕТ, С#;

· Практични и теоретски знаења од областа на релациони бази на податоци: Напредно познавање на МуЅQL и основно на МЅЅQL;

· Напредно познавање на операции во Linux server околина и Apache сервер и основно познавање во SharePoint, windows server, AD, Asp.NET, MVC , Nhibernate Knockoutjs

· Познавање на англиски јазик.

o Опис на работното место:

· Одржување на софтверска апликација за располагање со ствари во сопственост на локалните самоуправи

· Развој на апликации базирани на функционална и техничка спецификација;

· Учество во проекти за развој на софтвер;

· Предлагање и имплементација иновативни решенија во работењето;

· Учество во развој на софтверски решенија наменети за крајните корисници;

· Организација и координација на имплементација на постојни верзии на апликации согласно план;

· Подготовка на техничка функционална спецификација за имплементација на нови софтверски решенија;

· Подготовка на технички упатства за софтверски апликации и примена на ИКТ стандарди во работење на организација;

· Поддршка и одржување на постојните и новите софтверски решенија.

· Способности и вештини:

Комуникациски вештини, самоиницијативност и проактивност, висок степен на креативност и флексибилност, аналитичност, способност за решавање на проблеми, тимска работа, способност за работа под притисок, посветеност кон работата.


4. Начин на спроведување на избор на кандидат

· Писмен испит за тестирање на знаење во кој ќе се содржат прашања и задачи од областите опишани како напредни, кој ќе се одржи на 21.07.2017 со почекот во 12.00 часот во ЗЕЛС.

· Интервју.

5. Месечна плата: 30.783,00 МКД

Биографија, најмалку една препорака и писмото за интерес да се достават до среда 19.07.2017, на адреса: ЗЕЛС, Копенхагенска бр.5, Поштенски фах 32, 1000, Скопје или на contact@zels.org.mk. Само селектирани кандидати ќе бидат поканети на интервју. Ве молиме без телефонски јавувања.



назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.