ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Претставници од ЗЕЛС се сретнаа со Премиерот на Република Македонија и Министерот за финансии
20 ноември 2018

 

Претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, потпретседателот Висар Ганиу, градоначалниците: Аце Коцевски, Благој Бочварски, Саша Богдановиќ и Стефан Богоев , како и извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, на 19 ноември, 2018 година имаа средба со Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и Министерот за финансии, Драган Тевдовски. Средбата беше одржана на барање на Управниот одбор на ЗЕЛС, кога на седмата седница што се одржа на 15 ноември, 2018 година беше донесен заклучок да се формира работна група која ќе ги изнесе предизвиците со кои се соочуваат локалните власти при имплементирањето на измените на Законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и на Законот за финансиска поддршка на единиците на локална самоуправа и единки корисници основани од единиците на локална самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски.

На почетокот на средбата присутните членови на Управниот одбор на ЗЕЛС го поздравија потегот на Владата на Република Македонија, за обезбедување на финансиските средства во висина од 50 милиони евра, за покривање на дел од долговите на локалните власти, но беше истакнато дека овој потег е направен сосема спротивно од претходните ветувања на Владата за обезбедување на поволен кредит, со ниски каматни стапки и отплата на долгот на поголем временски период. Градоначалниците изразија незадоволство и од начинот на предлагање и на носење на двата важни закони, што беше сторено без претходна консултација на единиците на локалната власт, особено што станува збор за исклучително важни закони кои се однесуваат на суштински работи од областа на финансиското работење на општините.

Со измената во Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, сопствените приходи на основниот буџет на општината (даночни приходи, неданочни приходи, капитални приходи и трансфери без дотација од данокот од додадена вредност) може да се планираат со пораст од најмногу 10% од просечно остварените приходи во последните три години, според податоците од трезорската евиденција. На средбата беше изнесено дека ваквата измена претставува своевидно ограничување на општинските буџети, а со тоа и ограничување на вршењето на работата и надлежностите на единиците на локалната самоуправа, неможност за креирање на политики за развој, како и можност за нивна евентуална финансиска нестабилност.

Во однос на Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа, за финансирање на доспеани а неплатени обврски, се предвидува покривање на 51% од вкупниот пријавен износ на доспеани а неплатени обврски, на општините и единките корисници, заклучно со месец септември 2018 година. Износот на средства кој ќе го добие секоја единица на локалната самоуправа е утврден во самиот текст на законот. На средбата беше посочено дека вака направената распределба без соодветен план и анализа и без консултација со локалната самоуправа, која се темели само на електронската евиденција за пријавување на доспеани обврски е неправедна и дека дел од општините на овој начин ќе бидат незаслужно наградени, а ќе бидат казнети они кои совесно работеле и првенствено ги трошеле средствата за враќање на наследените долгови .

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, на оваа средба рече дека педесетте милиони евра се одвоени како поддршка на општините во форма на еднократна финансиска инјекција, за да можат градоначалниците да ги стабилизираат развојните капацитети на своите општини. Тој додаде дека Владата има заложба да ја помогне работата на општините, со цел проектирање и реализација на повеќе развојни и капитални проекти, со што граѓаните ќе добиваат подобри услуги за даноците кои ги плаќаат и ќе бидат комплетно информирани за трошењето на тие средства. Премиерот истакна дека сите предлози кои доѓаат од ЗЕЛС се добродојдени и се во духот на конструктивноста во пристапот на решавањето на актуелните проблеми со задолженоста на локалните самоуправи во Македонија, како и за финансиско стабилизирање на општините.

Министерот за финансии, Тевдовски, пак, појасни дека со законските измени, планирањето на буџетите на општините ќе се базира на реална основа. Според Тевдовски, станува збор за мерка која претставува гаранција дека проблемот со задолжувањето на општините нема да се повтори, ќе се спречат таложењата на неплатени обврски и ќе се подобри финансиското работење на општините.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.