ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Реализирана обука за градоначалниците за користење на алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции
25 јуни 2018
 

Во просториите на ЗЕЛС, на 21 мај, 2018 година, во соработка со Владата на Република Македонија беше организирана обука за изготвување на финансиски и наративни извештаи за службени трошоци на носителите на јавни функции. Распоредени во четири групи обуката ја следеа градоначалници и претставници од одделенијата за финансии од општините.

Станува збор за активности што произлегоа од средбата што во месец мај ја одржа претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов со министерот без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски на која беше презентирана алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции, што ја применува Владата на Република Македонија, за своите министри и други носители на јавни функции. На оваа средба беше предложено да се разгледаат можностите за нејзина примена и од страна на јавните функционери во локалната власт. Овој предлог претседателот на ЗЕЛС го изнесе и на петата седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, одржана на 31 мај, 2018 година, каде беше посочено дека локалната власт е самостојна и посебна власт и дека ниту ЗЕЛС, ниту Владата, не можат да ѝ наметнат обврски, но дека со прифаќањето на нејзино користење и од страна на локалните функционери, ќе се покаже желбата за домаќинско и рационално трошење на парите на граѓаните, како и поголема транспарентност во нивното работење. Станува збор за нови стандарди на политичко однесување на јавните функционери во земјата, каде и без притисок од граѓаните, тие ќе бидат информирани каде се трошат нивните пари.

Во согласност со заклучокот на Управниот одбор, ЗЕЛС преку електронска пошта, испратена на 1 јуни, 2018 година, до сите општини ги достави: Упатството за изготвување на финансиски и наративни извештаи за службени трошоци на носители на јавни функции, примерок за подготовка на наративен извештај и exel табела за пополнување. На организираната обука присутните имаа можност и практично да се запознаат како да ги пополнуваат електронските формулари. Финансиските извештаи треба да ги содржат податоците за сите службени трошења на носителите на јавни функции, а кои спаѓаат во 16-те ставки внесени во темплејт табелата. Изработена е темплејт табела во Excel формат („Sluzhbeni-Troshenja_Tabela“) со два Excel sheets (листови):„Финансиски“ – е листот во кој треба да се внесуваат трошоците за сите носители на јавни функции, а „Наративен“ – е листот во кој описно се прикажува трошокот, како и причината и целта за потрошените средства. Беше посочено дека на веб порталот на Владата на РМ поставено е и Упатство за користење на алатката http://vlada.mk/node/14298.

Сепак, засега во оваа алатка не се запишани општините и функционерите од локалната власт. Ревидирањето, односно дополнувањето на алатката би било реализирано во следниот период, откога ќе се утврди кои службени лица треба да дадат отчет за трошоците, освен градоначалниците, и откога ќе се прилагоди структурата на трошоците согласно тоа што е предмет на трошење од локалните функционери и сите овие можности за користење на алатката ќе бидат разгледани од страна на Управниот одбор на ЗЕЛС. На средбата градоначалниците и претставниците од одделенијата за финансии имаа можност да постават и конкретни прашања на претставниците од Владата на РМ, од одделот за комуникации, отчетност и транспарентност.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.