Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Финализирање на Прирачникот и протоколите за комуникација за потребите за еднакви можности во општините
14 септември 2020
 

По неколкуте организирани работилници со Работната група за родова еднаквост на ЗЕЛС и со експертската поддршка на Марија Ристеска, ЗЕЛС го финализира Прирачникот и протоколите за комуникација на координатор(к)ите за еднакви можности помеѓу жените и мажите во единиците за локална самоуправа во рамките на проектот „ Кон родово одговорни општини: зајакнување на општинските капацитети за политики за родова еднаквост и родово одговорно буџетирање“(2019-2021).

На последната организирана онлајн работилница преку ZOOM платформата на 11 септември, 2020 беа презентирани промените направени од страна на експертката за родово одговорно буџетирање, Марија Ристеска, а се однесуваа на протоколите за комуникација кон надвор, комуникација со медиумите, како и за комуникација со невладините организации, бизнис заедницата и други институции. По последните консултации со Работната група беше утврдена и потребата за изработка на Протокол за примопредавање на функцијата КЕМ.



Со цел поефикасна примена на протоколите е изработен и Прирачникот во кој се содржани протоколите, објаснета потребата од истиот и намената, потоа што е комуникација и нејзината важност во планирањето и организирањето на активности во општината во областа на еднаквите можности. Исто така е објаснето и зошто е важно да комуницира Координаторот за еднакви можности и кои се предусловите за успешна комуникација на родовата еднаквост во општината. На овој начин ќе се истакне и важноста на Координаторот за еднакви можности, но и на одговорниот за комуникација со јавноста во насока за презентирање на општинските активности за родова еднаквост пред граѓаните.

Понатаму, во прирачникот се содржани протоколите за внатрешна комуникација во општината, конкретно Протокол за подготовка на програма или стратегија на општината за родова еднаквост и Протокол за организација на собир на граѓани(буџетски форум). Во делот на надворешната комуникација е изработен Протокол за комуникација со медиуми и Протокол за комуникација со невладините организации, бизнис заедницата и други институции.

Посебен акцент е ставен на Протоколот за примопредавање на функцијата Координатор за еднакви можности како предизвик со кој се соочувале неколку координатори при преземање на функцијата во општината. Целта е да се издигне важност од оваа функција и архивирањето на материјалите кои се еден вид на институционална меморија на општината во областа на родовата еднаквост.

Прирачникот треба да биде презентиран и на работилницата со Лоби групата на ЗЕЛС закажана за 18 септември,2020. Но претходно беше даден дополнителен рок од неколку дена за разгледување уште еднаш од страна на членовите на Работната група и колегите одговорни за односи со јавноста, со цел давање на евентуални забелешки и предлози, пред негово официјализирање.

Протоколите за комуникација ќе бидат објавени на платформата www.rob.zels.org.mk, а ќе бидат и испечатени и дистрибуирани до сите единици на локалната самоуправа.

назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.