ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
„Подготвување на план за промоција и комуникации со јавноста“-тема на работилницата на Мрежата на ПР лицата од општините
26 јули 2018

 

Подготвување на годишен план за промоција и комуникации со јавноста“ беше темата на работилницата за членовите на Мрежата на лица за односи со јавноста во локалната власт, што се одржа на 25 јули, 2018 година во ЗЕЛС тренинг центарот. Во согласност со член 8, од Законот за локална самоуправа е утврдено дека општината, органите на општината, комисиите на Советот и јавните служби основани од општината се должни без надоместок да ги информираат граѓаните за својата работа, како и за плановите и програмите кои се од значење за развојот на општината, на начин утврден со Статутот на општината. Исто така општината е должна на граѓаните да им овозможи пристап кон основните информации за услугите што им ги обезбедува на начин и под услови утврдени во Статутот. Во таа насока и во согласност со член 22 од истиот Закон, каде се утврдени надлежностите на локалната власт и член 62, и одделението за односи со јавноста, односно лицето за односи со јавноста треба да изработи годишна програма на активности во оваа област.

Еден од моделите на обуките за зјакнување на капацитетите на локалните власти, што ги реализира ЗЕЛС е размената, односно меѓусебното споделување на добрите практики на општините. На оваа работилница ги искористивме искуствата на општина Велес, која веќе десет години подготвува ваква Програма. Советничката за односи со јавноста во оваа општина, Јадранка Стефкова, пред присутните говореше за процесот на подготовка на „Програмата за промоција и комуникации со јавноста на општина Велес“, нагласувајќи ги сите нејзини специфики. Таа посочи дека досегашното искуство ја наметнало потребата од конкретизирање на активностите преку примена на методот на тимско планирање, вклученост на градоначалникот и на сите одделенија, затоа што комуникациите со јавноста се неопходни за сите области во надлежност на локалната власт. –„Комплексноста на односите со јавноста, како концепт од една стана ја наметнува потребата од добро познавање на целите на општината, како и на нејзините целни групи, а од друга страна треба да содржи методологии чија примена не само што ќе ги оправда вложените средства, туку и ќе прерасне во генератор на нови активности за зајакнување на транспарентноста на општината“, посочи Стефкова.



Своите искуства накратко ги пренесоа и други општини што подготвиле ваква Програма, како што се : Кочани, Делчево и Карпош. Утврдените активности во Програмата може да бидат најразновидни: активности посветени на подобрување на внатрешната комуникација; соработката со медиумите и закуп на медиумски простор; огласување; реализирање на разновидни кампањи и настани; промотивни и протоколарни средби; обезбедување на технички помагала за спроведувањето на активностите; печатење на флаери, весници, памфлети; брендирање на општината; мерења и анкети за задоволството од услугите на општината кај граѓаните, бизнис секторот, невладините организации; изработка на press clipiing како неопходна дата база во креирање на комуникациска стратегија; организирање на дебати, трибини, форуми средби во месни и урбани заедници и друго. За реализацијата на сите овие активности во Планот се дефинираат на потребните финансиски средства.

На работилницата, присутните се поделија во неколку работни групи, од кои дел изработуваа предлог-план за комуникации за мала општина, а дел за општина со центар во урбана средина. По презентирањето на предлог-програмите се разви бурна дискусија. Присутните посочија на се поголемото спознавање на локалната власт за потребата од примена на односите со јавноста, што го оценија како позитивно, но при тоа посочија и на минималното обезбедување на средства за оваа намена. Особено посочија дека општините сакаат да реализираат вакви активности, но при тоа не обезбедуваат соодветни кадри за оваа намена, па оставаат тоа да го реализираат лица чии задачи се од сосема друга област или на едно лице за односи со јавноста му се префрла целата одговорност за спроведувањето на сите активности од оваа област . За среќа, иако ретки, но има и примери на општини во кои веќе се формирани одделенија за односи со јавноста во кои се вработени повеќе професионални лица кои меѓусебно соодветно ги распоредуваат големиот број задолженија.



Иницијатива за задолжително постоење на ПР лице во општината

Членовите на Мрежата изнесоа предлог за иницирање на законска обврска на локалната власт во систематизацијата на работни места задолжително да има и лице за односи со јавноста. Тоа произлегува од реалните потреби во локалната власт, но произлегува и од усогласувањето на нашата законската регулатива со европската, каде транспарентното и отчетното работење и активната комуникација со граѓаните, се сметаат за едни од примарните обврски на институциите. При тоа беше посочено дека одредени општини при аплицирањето за средства од европските фондови и програми, забележале дека еден од позначајните услови за одобрување на проектот е токму исполнувањето на високо ниво на транспарентно работење на општината, програми за комуникација со граѓаните и другите целни јавности. Присутните изнесоа и други состојби и предизвици со кои се соочуваат во своето работење, а на крајот донесоа заклучок следната работилница што ќе ја организира ЗЕЛС да биде посветена на темата- ,,Активна транспарентност на општината, законски прописи и активности “



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.