Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Презентирана „Анализа на состојбите, правните аспекти и финансиската оддржливост со детален план за пренос на надлежности и ресурси од централно на локално ниво во областа на земјоделството“
2 јули 2020
 

Активностите за унапредување на системот на локалната власт, што ЗЕЛС ги иницираше минатата година, кога беа организирани и низа разговори со Владата на РСМ, повторно стануваат актуелни. Во утврдениот предлог –концепт за продолжување на процесот на децентрализацијата, постигнат во минатата година, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) покажа подготвеност за префрлање на повеќе надлежности на локално ниво, меѓу кои: правото на управување со земјоделското земјиште; со шумите и со пасиштата, а понуди и свои дополнителни предлози. Во таа насока, за потребите на проектот „Подобрување на управувањето со општините“ спроведуван од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерство за локална самоуправа и Министерство за финансии, a финансиран од Европската Унија, обезбедена е анализа за импликациите што овој процес на децентрализација, во оваа област, може ги предизвика кај единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) .

Околу 50% од општините, генерално руралните би имале дополнителни приходи ако закупот на државно земјоделско земјиште е под локална надлежност

„ Анализа на состојбите, правните аспекти и финансиската оддржливост со детален план за пренос на надлежности и ресурси од централно на локално ниво во областа на земјоделството“ е насловот на експертскиот извештај чии наоди и заклучоци беа тема на „online“ работилницата, што се одржа на 1 јули, 2020 година. Извештајот беше презентиран пред претставниците од ЗЕЛС: градоначалникот на Општина Велес и член на Мешовитата работна група за унапредување на системот на локалната власт; градоначалникот на Општина Конче, Благој Илиев, претседател на Комисијата за рурален развој при ЗЕЛС и извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, како и пред претставници од МЗШВ и од УНДП. Експертите посочија дека, според добиените инструкции, посебно внимание посветиле на импликациите при пренесувањето на надлежностите од подрачните единици на МЗШВ на општините. Тие укажаа на актуелните состојби во подрачните единици, нивниот правен статус, ингеренциите што ги имаат, ресурсите со кои располагаат (човечки и материјални), законите со кои е опфатено нивното работење. При тоа, посочија на правните недостатоци и празнини за уредување на одредени активности, на слабостите во воспоставувањето на квалитетна употреба на информатичко –комуникациски технологии во водењето на регистрите и комуникацијата со други институции и на потребата од зајакнување на административните капацитети. Во однос на финансиските импликации за општините од префрлањето на оваа надлежност на локално ниво изработени се пет сценарија, кои генерално покажуваат дека 50% од општините, особено руралните, би имале придобивки, односно би оствариле дополнителни приходи од закупот на државното земјоделско земјиште. Беа посочени и слабостите во тековната наплата, што значително би можела да се подобри доколку општините управуваат со ова земјиште.

Локалната власт бара вистинска децентрализација и во областа на земјоделството

Претседателот на Комисијата за рурален развој при ЗЕЛС, градоначалникот на Општина Конче, Благој Илиев, даде позитивна оценка за анализата истакнувајќи дека ја отсликува реалната состојба и дека е во насока на обезбедување на поквалитетни услуги за граѓаните и дополнителни приходи за општините. Илиев особено го истакна моментот на непосредната поддршка што општината може да им ја даде на своите граѓани, бидејќи тие и сега и се обраќаат на општинската администрација за помош при остварувањето на нивните права и обврски, пред да се обратат во подрачната единица. Исто така, тој посочи дека локалната власт ќе има поголем увид како се управува со закупеното земјиште, како тече исплатата и ќе оствари поголем прилив на приходи. Градоначалникот укажа дека е потребно добро да се прецизира законската регулатива во однос на ингеренциите на општината и на инспекциските служби, како и да се обезбеди подобра комуникацијата со централните институции, особено при пренамената на земјоделското во градежно земјиште.

Претставниците од МЗШВ посочија дека во однос на постапката за пренамена на земјоделско земјиште во градежно, тие само даваат мислење дали земјиштето е под закуп или има друг статус, а ингеренции се во Министерството за транспорт и врски. Исто така, тие посочија дека во оваа фаза,според нивните последни сознанија нема расположение за децентрализирање во делот на продажбата на државното земјоделско земјиште и на управувањето со шумите и со пасиштата.

Голема разочараност од атерирањето на ставот на МЗШВ, изрази градоначалникот Аце Коцевски, Тој посочи дека токму ова Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство во минатогодишните разговори во Мешовитата работна група, составена од тројца претставници од локалната власт и тројца од Владата на РСМ, покажало најголем ентузијазам за префрлање на голем број надлежности од доменот на своето работење, на локално ниво. Особено во делот на префрлање на ингеренциите за продажбата на државно земјоделско земјиште, управувањето со шумите и со пасиштата. Коцевски посочи дека во анализата ја очекувал разработката и на овие сегменти, а не само на префрлањето на „технички“ ингеренции од подрачните единици на МЗШВ, на општините. Беше нагласено дека во следниот период, преку Мешовитата работна група ќе се преиспита овој став на МЗШВ, особено што во документот за продолжување на процесот на децентрализацијата што во втората половина на месец октомври го добија членовите на оваа работна група, јасно е наведено расположението за префрлање на поголеми надлежности на локално ниво во областа на земјоделството. На крајот од работилницата, Коцевски го повтори ставот на ЗЕЛС дека е потребно вистинско продлабочување на процесот на децентрализација и во оваа област, што ќе биде пропратен со адекватни финансиски средства за спроведување на префрлените надлежности.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.