Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
ЗЕЛС продолжува со активностите за поддршка на општините во промоција на одржлива урбана мобилност
20 август 2019
 

 

Во просториите на ЗЕЛС, на 14 и на 19 август, 2019 година беа одржани поединечни работилници за претставниците од општинската администрација на единиците на локалната самоуправа: Охрид и Куманово. Станува збор за активности во рамките на Проектот ,,Поддршка на единиците на локалната власт на Република Северна Македонија во промоција на одржлива урбана мобилност“ („Sustainable urban mobility planning- SUMP“), што ги реализира ЗЕЛС во соработка со Германската агенција за меѓународен развој (GIZ).

Всушност, ова се двете општини, од вкупно пет, кои беа избрани на повикот за пријавување на заинтересираните локални власти за добивање на експертска помош во процесот на стратешко планирање за одржлива урбана мобилност (SUMP), објавен од ЗЕЛС во месец мај, оваа година. Работилниците за останатите три општини: Битола, Карпош, Кавадарци беа одржани во месец јули.

Активности за одржлива урбана мобилност „Sustainable urban mobility planning- SUMP“ се темелат на модел на оптимални трошоци и иновативност, зголемување на удобноста на живеењето на граѓаните, зголемена мобилност и достапност, подобрување на животната средина и здравјето на луѓето, донесување на одлуки поддржани од заинтересираните страни и граѓаните, пристап до нови извори на финансирање и пред сè- подобра слика на градот/општината. Со ваквото планирање се нагласува потребата од поголем простор за граѓаните, зеленилото, подобрување на јавниот превоз и се дава предност на обезбедување на услови за користење на велосипеди, воспоставување на забранети зони за сообраќај, потоа користење на катни паркиралишта и друго.

На работилниците, освен двете номинирани лица, одговорни за имплементација на Проектот во рамките на својата општина, имаа можност да присуствуваат и раководните лица од областите поврзани со сообраќај, урбанизам и односи со јавноста од секоја општина и од други области, потребни за квалитетно реализација на утврдениот проект.

Целта на овие работилници е општините да добијат експертска поддршка како да го реализираат целиот процес на градење на локални политики за поголема застапеност на придобивките од одржлива урбана мобилност и создавање на услови за нивно натамошно преточување во одредени стратегиски документи или урбанистички планови кои во себе ќе содржат мерки на SUMP. Ангажираните експерти на ЗЕЛС посочија дека не станува бор за краткорочен процес и дека во подготвителната фаза треба да се дефинира работна структура од најсоодветни претставници кои, заедно со граѓаните, ќе ја создадат „визијата“ на нивната општина која ќе го одразува SUMP. А тоа пред се значи општината во своето планирање, првенствено да биде ,,посветена,, на поединецот –граѓанинот, зелените површини.....а не на возилата и сообраќајот. Беше посочено дека секоја општина треба да утврди свој работен тим, во кој би учествувале како претставници од локалната власт, така и истакнати урбанисти, сообраќајни инженери, екологисти, професори, претставници од соодветни институции, од граѓанскиот сектор и слично. Тие заедно со граѓаните, кои своите ставови и идеи би ги изнеле преку анкета, што треба да ја спроведе локалната власт и на јавни расправи, заеднички ќе дефинираат -,,Во каква општина/Град сакаат да живеат“. Всушност обезбедување на широка јавна расправа и вклученост на сите засегнати страни е предвидено во рамките на развивањето на стратешкиот документ и анализата за одржлива урбана мобилност. Заради таа цел експертите на ЗЕЛС им посочија на општините дека е потребно да објават јавна анкета со цел да се запознае поголемиот дел од населението за оваа активност. Идејата е врз основа на податоците од анкетата и предлозите од граѓаните проектот да продолжи со оддржување на широка јавна расправа во секоја од општините со цел да се утврдат предизвиците, проблемите и визијата за иден развој на секоја од овие општини.




Врз основа на оваа јавна расправа покрај дефиниран и јасен стратешки документ и анализа целта е да се донесат и конкретни мерки со кои општините ќе може да се претстават и на европската недела за урбана мобилност која трае од 16 до 22 септември. ЗЕЛС го препознава моделот на одржливо урбано планирање како неопходна алатка за иден развој на општините и за таа цел препорачува на сите општини да преземат мерки и активности и доколку се заинтересирани да се приклучат кон европската иницијатива на http://www.mobilityweek.eu/

Претставниците од локалната власт ги посочија актуелните предизвици во општините, при што особено нагласија дека постојните урбанистички планови се темелат на задоволување на потребите на сообраќајот и дека се потребни сериозни и долгорочни напори за да се смени начинот на досегашното размислување во оваа област .

Сите овие искуства што овие пет општини ќе ги имаат при реализацијата на Проектот, за ЗЕЛС ќе претставуваат драгоцени информации за натамошна промоција на мерките на „Sustainable urban mobility planning- SUMP“ во нашата земја. Исто така врз основа на идентификувањето на предизвиците со кои се соочуваат локалните власти во оваа област, ЗЕЛС ќе преземе активности во насока на лобирање за законски измени или утврдување на соодветни стандарди во земјата за поголемо искористување на SUMP. Оддржлива урбана мобилност е нова област на делување во локалната власт во РСМ, иако тоа е воспоставена практика во Европската Унија. Досега, многу европски градови имаат имплементирано вакви урбани планови и имаат преземено низа активности во оваа насока.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.