Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Законска обврска на општините за подготовка на акциски план со долгорочни решенија за намалување на загадувањето на воздухот
25 декември 2018
 

Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух се состои од 17 мониторинг станици и една мобилна, кои вршат мерења на SO2, NO, NO2, NOX, CO, O3, PM10, PM2.5 и на тешки метали. Врз основа на долгорочната оценка на квалитетот на воздухот, концентрациите на суспендираните честички (PM10 и PM2.5), многу често ги надминуваат утврдените граници за заштита на човековото здравје. Емисиите со екстремно високи концентрации на PM10 се евидентирани во зимскиот период, при повеќедневна стабилна атмосферска состојба со што емитираните загадувачки супстанци се акумулираат во долините, при намалено струење на атмосферата, што се должи на пролонгиран период без ветер и појава на температурна инверзија, како и при локални извори на емисија (сообраќај, затоплувањето на домаќинствата и работата на индустриските капацитети). Мерните станици досега покажуваат дека ПМ10 честичката е најкритична загадувачка супстанца во Република Македонија. За намалување на загадувањето е потребен „интегриран пристап“ во имплементација на мерките за заштита и подобрување на квалитетот на воздухот, одржливо финансирање и подигање на јавната свест. Ова беше дел од презентацијата на стручните лица од Министерството за животна средина и просторно планирање изнесена на работилницата, што ЗЕЛС тренинг центарот ја организираше за членовите на Мрежата за животна средина при ЗЕЛС, на 18 декември, 2018 година.

Заради интегрирано дејствување кон намалување на загадувањето на воздухот и општините имаат законска обврска за подготовка на акциски план со долгорочни решенија за намалување на загадувањето на воздухот, а согласно локалните услови и карактеристики потребно е да преземаат краткорочни мерки при појавата на високи концентрации на штетни честички во воздухот. Беше посочено дека со единечни мерки генерално е можно да се намалат емисиите само до 10 %, заради што долгорочниот пристап е неопходен. За тоа се потребни финасиски средства, осознавање и користење на добри практики и јакнење на капацитетите на административните капацитети.



Претставниците од општините посочија и на одредени предизвици со кои се соочуваат при преземањето на мерки за намалување на загадувањето на воздухот. Тие истакнаа дека домаќинствата се евидентирани како едни од најголемите загадувачи на воздухот во зимскиот период. Огревното дрво што се продава е со голема влажност и лош квалитет, но во земјата не постојат законски норми кои тоа ќе го санкционираат, како што не постои законска забрана за користење на јаглен за затоплување на домаќинствата. Присутните посочија дека кога инспекциските служби ќе увидат или ќе добијат пријава од граѓанин за евидентирано користење на несоодветен затоплувачки материјал од страна на некое домаќинство, инспекциската служба увидот треба да го изврши со судски налог. Судскиот налог се обезбедува потешко, а особено не, во дадениот момент на користење на несоодветниот материјал за греење.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.