ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Амбасадорката на Швајцарија на средба во ЗЕЛС
31 март 2017

Амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техадa, заедно со Ибрахим Мехмети, Национален програмски раководител од Швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ), на 31 март, 2017 година во просториите на административната зграда на ЗЕЛС имаа средба со извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишќ, заменик –директорката Ардита Дема –Мехмети и со раководителот на правното одделение, Виктор Арнаудоски. Поводот за оваа средба беше официјалното завршување на десетгодишниот проект „ Форуми во заедницата “ што го реализираше ЗЕЛС со финансиска поддршка на СДЦ. На средбата беше посочено дека оваа нова демократска алатка беше многу добро прифатена и од локалните власти, но уште повеќе од граѓаните. Таа обезбеди збогатување на демократските начини на вклучување на населението во донесување на одлуки од локално значење, при што 59 општински совети обезбедија нејзино институционализирање во статутите на општините. За нејзино постручно спроведување ЗЕЛС спроведе обуки, но и испити, од кои беа продуцирани 37 сертифицирани форумски модеартори. Во рамките на проектот обезбедена е и веб страна http://www.forumivozaednicata.com.mk/ на која се изнесени важни информации за спроведувањето на форумите како и биографиите и контактите на сите модератори, како и „Прирачник во 11 чекори на форуми во заедниците“, кој по повод десетгодишниот јубилеј беше ревидиран и издаден и во електронска верзија. За реализација на оваа Програма, ЗЕЛС со СДЦ во октомври 2014 година имаше потпишано Меморандум за соработка со СДЦ, за реализирање на излезна фаза со важност токму до 31 март, 2017 година, со сопствените средства на ЗЕЛС. Извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ на средбата уште еднаш ја потенцира заложбата на ЗЕЛС за продолжување со поддршката на локалните власти за натамошно спроведување на оваа форма на граѓанско учество -,,Форуми во заедницата“, како и за натамошно развивање и унапредување на оваа демократска алатка.

Задоволство од успешната реализација на оваа Програмата и од севкупната досегашна взаемна соработка на СДЦ и ЗЕЛС изрази и амбасадорката Сибил Зутер Техада.Таа посочи дека Швајцарската влада и натаму продолжува со поддршка на локалните власти во нашата земја, и дека веќе е започнат и нов Проект,кој обезбедува поддршка на избраните делегати во општинските совети, во кој важно учество ќе има и Комитетот на советите при ЗЕЛС. Исто така амбасадорката се интересираше и за актуелните состојби и натамошното спроведување на надлежностите на локалните власти во услови на се уште неутврдениот датум на реализација на редовните локални избори, поради одредените политички случувања во земјата.

Средбата заврши со искрени желби за натамошна поддршка на локалната власт од страна на швајцарската влада и соработка со СДЦ во насока на зајакнување на демократските процеси во земјава и на локално ниво.



назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.