ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Во мај, во Словенија ќе се одржи Регионална конференција за партиципативно буџетирање
2 февруари 2017

Судот на ревизија (The Court of audit of the Republic of Slovenia) на Република Словенија подготвува Регионална конференција за партиципативно буџетирање, која ќе се одржи на 17 мај, 2017 година, во Љубљана и на која се покануваат претставници од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Македонија, Црна Гора, Романија, Словачка и Србија. Се тргнува од констатацијата дека во регионот, но и пошироко, учеството на граѓаните во подготовката на буџетите е на многу ниско ниво или речиси воопшто не постои. Од тие причини повеќе од неопходно е да се дејствува во насока на зголемување на свеста кај граѓаните за поголемо учество во буџетскиот процес, како во фазата на неговото креирање (што ќе претставува вредна информација за избраните претставници), така и во делот на неговата транспарентна реализација. Односно, да се воведе партиципацијата на граѓаните како значаен тренд во развојот на буџетските процеси во регионот и да се подигне свеста за можностите кои ги нуди ваквото учество на граѓаните.

На оваа Конференција ќе бидат повикани претставници од асоцијациите на локалните власти на земјите од регионот, претставници на министерствата за финансии, универзитетски професори, претставници од невладини организации и од ревизорски институции , но и од меѓународни организации како : Меѓународниот монетарен фонд - ММФ, Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД и други. Претставниците на меѓународните институции ќе презентираат примери на добри практики од земјите кои имаат усвоено вакви активности на национално ниво, (пример Бразил) како и пракса од страна на локалните заедници каде што таквите постапки веќе се применуваат ( Ајдовшчина во Словенија и Пазин во Хрватска)

Во прилог е доставената информација: Conference frame - EN.docx и контакти за добивање на подетални информации за присуство на овој настан .

JorgKristijan PETROVIČ, MBA
Firstdeputypresident, MemberoftheSenate
Jorg.Petrovic@rs-rs.si


Slovenskacesta 50, Si-1000 LJUBLJANA
T :+ 386 (0)1 478-5850
F: + 383 (0)1 478-5891
W: sloaud@rs-rs.si ; www.rs-rs.si



назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.