Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Ученици од ОOУ „Братство“- Карпош, на гости кај својот „сосед “- ЗЕЛС
21 мај 2019
 

 

Дваесетина дечиња од II-3 одделение од општинското основно училиште „Братство“, заедно со своите наставнички, на 17 мај, 2019 година дојдоа да го посетат својот најблизок ,,сосед“ – Заедницата на единиците на локалната власт на Република Северна Македонија- ЗЕЛС. Заменик извршната директорка на ЗЕЛС, Ардита Дема- Мехмети во едночасовната посета ги запозна децата со улогата и активностите на ЗЕЛС и нејзните членки - општините. Таа посочи дека ЗЕЛС е ,,чадор“ организација на сите 80 општини и Градот Скопје во земјата, меѓу кои е и општината каде е лоцирано нивното училиште и каде живеат повеќето од нив, а тоа е општината Карпош. Дечињата дознаа зошто во ЗЕЛС доаѓаат сите градоначалници од земјата, за што тие се договараат тука и дека исто така во ЗЕЛС доаѓаат и вработените од сите општини бидејќи тука ,,учат “ како подобро да ја вршат својата работа и да обезбедат подобри услуги за своите граѓани. Тие разговараа за одговорностите на општините, грижата за животната средина, сообраќајот и слично. При тоа дечињата ги разгледаа просториите на „ЗЕЛС тренинг центарот“ заедно со компјутерската сала каде е поставен и системот за симултан превод, и научија да го препознаваат и логото на ЗЕЛС. На крајот од средбата, дел од нив посочија дека кога ќе пораснат сакаат да работат во ЗЕЛС.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.