Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Конференција за Одржлива урбана мобилност
18 септември 2019
 

Заедницата на единиците на локалната самоурпава – ЗЕЛС Ве поканува на 19 септември, 2019г. (четврток) со почеток во 10.30 часот да ја проследите завршната Конференција “Поддршка на локалните самоуправи на РСМ во промоција на одржлива урбана мобилност”. Конференцијата ќе ја отворат Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС, Давид Оберхубер, регионален директор на ГИЗ и претставник на Министерството за животна средина и просторно планирање. Конференцијата ќе се одржи во просториите на ЗЕЛС, на ул.Копенхагенска 5, Скопје (Тафталиџе2).

Градоначалници на шест општини: Аце Коцевски, општина Велес; Наташа Петровска, општина Битола; Максим Димитриевски, општина Куманово; Митко Јанчев, општина Кавадарци; Стефан Богоев, општина Карпош; Константин Георгиески, општина Охрид, ќе потпишат Изјава за посветеност кон имплементација на мерките за одржлива урбана мобилност, и ќе го презентираат своето искуство пред присутните општини. На крај од Конференцијата, учесниците ќе го посетат адреналискиот парк, односно Соларното дрво на кое ќе се напојуваат електрични скутери, а финансирано од проектот што го реализира ЗЕЛС.

Завршниот настан е посветен на Европската недела на урбана мобилност и е резиме на активностите реализирани преку проектот финансиран од ГИЗ, а претставен како иницијатива за промоција, планирање и градење на капацитети во спроведување на активности за урбана мобилност, темелени на модел на оптимални трошоци и иновација, зголемување на удобноста на живеење на граѓаните, зголемена мобилност и достапност, подобрување на животната средина и здравјето на луѓето, донесување на одлуки поддржани од заинтересираните страни и граѓаните, пристап до нови извори на финансирање и пред сè- подобра слика на градот/општината. Овој пристап овозможува поголем простор за граѓаните, зеленило, подобрување на јавниот превоз и дава предност на искористување услови за користење велосипеди, воспоставување забранети зони за сообраќај, користење катни паркиралишта и друго.

Шесте општини вклучени во пилот фазата на проектот добија експертска поддршка за реализација на целиот процес на градење локални политики за одржлива урбана мобилност и создавање услови за нивно натамошно преточување во одредени стратегиски документи или урбанистички планови кои во себе ќе ги содржат мерките за планирање на одржлива урбана мобилност.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.