Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Почести средби и размена на искуства на советниците во рамките на Источниот и Југоисточниот регион за добри општински одлуки
26 септември 2019
 

Со одржаната работилница за претседателите на советите од општините од Источниот и Југоисточниот регион, на 25 септември, 2019 година, каде домаќин беше претседателот на Советот на Општина Кочани, Томе Солевски, продолжија регионалните средби со претседатели на совети во организација на ЗЕЛС.
 
Солевски кој е и претседател на Комитетот на советите при ЗЕЛС, во своето обраќањето на третата регионална работилница истакна дека со оваа иницијатива се засилува заложбата на Комитетот на советите при ЗЕЛС за зголемување на нивото на важноста на советите на локално ниво, како и можност за размена на идеи и мислења и градење на заеднички ставови кои понатаму преку телата на ЗЕЛС ќе се претстават до повисоките инстанци во државата. Тој подвлече дека советите треба да се стремат да ги постигнат европските практики за стабилни и цврсти советиници кои треба да бидат поддршка на градоначалникот и општинската администрација при донесувањето на општинските политики и имплементирањето на активностите кои се од интерес на граѓаните. Претседателот на Советот на Општина Радовиш, Коле Чаракчиев кој е член на Комитетот на советите при ЗЕЛС ја истакна важноста на оваа иницијатива на ЗЕЛС, како и други активности кои се во насока на зајакнување на капацитетите на општинските советници и нивно поголемо учество во креирањето на политиките на локално ниво. Тој подвлече дека сите овие активности на ЗЕЛС треба да придонесат за подобро имплементирање на најавените процеси кои водат кон продлабочување на децентрализацијата во земјата од 2020 година.

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илиев ја поздрави и оваа иницијатива на ЗЕЛС која е во насока на подобро запознавање на советниците од регионот и размена на искуства и добри пракси со цел поуспешно решавање на проблемите и потребите на граѓаните во општините. Тој нагласи дека оваа пракса на средби треба да продолжи и понатаму, во рамките на самите региони со цел утврдување на заеднички решенија кои треба да придонесат во креирање на добри законски решенија за општините кои би се доставиле преку телата на ЗЕЛС до централните власти.

Директорката на ЗЕЛС, Душица Перишиќ ја поздрави активноста на претседателот на Советот на Општина Кочани, Солевски за навремено координирање со советниците од источниот регион во однос на заклучоците од Комитетот на советите при ЗЕЛС и другите тела, подвлекувајќи дека ова не треба да остане изолирана пракса само на овој регион, туку да ја следат и останатите членови на Комитетот на совети со цел подобро информирање на сите советници во земјата. Таа зборуваше и за начинот на фунционирање на ЗЕЛС како Асоцијација на сите општини, на Комитетот на советите при ЗЕЛС како матично тело на советниците од општините, потоа се осврна на расположливите ресурси за информирање, координирање и лобирање за интересите на локалните власти, при што ги охрабри советниците да ги користат истите и да ги адресираат нивните потреби до ЗЕЛС. Потоа се осврна на заклучоците кои произлегоа од последната седница на Генералното собрание на ЗЕЛС и од последната средба на Управниот одбор на ЗЕЛС со премиерот Зоран Заев и неговите советници. На присутните им беше пренесена заедничката заложба на централните и локалните власти за отпочнување со реализација на нов бран во стратегискиот развој на децентрализацијата на локалната власт, како и обезбедување на поголема финансиска стабилност на ЕЛС и фазно пренесување на надлежностите од централно на локално ниво.

Градоначалникот на Општина Кочани, како и присутните претседатели на совети од општините од Босилово, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Ново Село, Берово, Штип, Виница, како и Кочани и Радовиш даваат поддршка на продлабочување на процесот на децентрализација со поголеми надлежности во однос на инспекциските служби, матичните служби, комунална полиција, располагање со земјоделското земјиште, ископите од речните корита и други природни суровини кои се на територија на општините, со цел поголема финансиска стабилност на општините. Но, при тоа подвлекоа дека за сите најавени и планирани промени кои се однесуваат на зголемување на давачките на граѓаните( данок на имот, легализација итн.)треба да се направи добра и сеопфатна анализа, како и навремена координација на централните со локалните власти за правилно и навремено претставување на истите пред граѓаните. Тие наведоа и неколку други начини со кои би можело да се придонесе до зголемување на општинските приходи, но тоа мора да биде координирано и поддржано од централните институции. Во дискусиите се наведоа и некои други предизвици со кои се соочуваат локалните самоуправи, како што е Законот за заштитни работилници, легализацијата, Законот за води и др, кои прашања ќе бидат претставени пред УО на ЗЕЛС, а понатаму и до надлежните институции со цел промени во корист на општините, а не во нивна штета.

Сметаат дека за поголем придонес во работата на општината од страна на советниците е потребно нивни зајакнати капацитети, навремени информации и кооординации, размена на искуства и назначување на лица во општинската администрација кои би им биле во функција на поддршка на работата на советниците.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.