ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
ОГЛАС за вработување на определено време на: Советник – Координатор за информатичка технологија
9 ноември 2018

Врз основа на член 22, став 1, точка 1 од Законот за работните односи (бр. 167/15 … 120/18), Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија - ЗЕЛС објавува:

ОГЛАС

за вработување на определено време на:



 

  1. Советник – Координатор за информатичка технологија ............................(2) извршители;



 

Кандидатите е потребно да ги имаат следните квалификации:

- Потребен степен на образование: најмалку дипломски студии во областа на информатичка технологија.

- Најмалку 1 година работно искуство како администратор.

- Одлично познавање и работно искуство во одржување на информациски системи-windows/linux серверска околина.

- Одлично познавање на Законската регулатива во областа на ИКТ.

- Искуство во спроведување на електронски сервиси и постоечки технологии кои ја подобруваат работната функционалност на една организација.

- Искуство во спроведување на електронски услуги и постоечки технологии кои ја подобруваат услугата на една организација кон своите клиенти.

- Искуство во анализа на податоци и подготовка на извештаи.

- Искуство во давање техничка поддршка за софтверски апликации преку далечина – remote.

- Искуство во оддржување на работни единици windows 7/8/10.

Потребно знаење:

Инсталација, конфигурирање и управување со Windows server 2008\2016, Linux server, MS SQL, MySql, IIS и Apache Server (Apache/2.4.7), креирање и дефинирање на правила, процедури за управување со: внатрешна работна околина (intranet), сигурносни копии, политика за безбедност, политика за заштита на податоци, техничка поддршка за апликативни софтвери.

Сите кандидати кои имаат соодветно образование и работно искуство ќе бидат повикани на писмено тестирање, Кандидатите кои ќе освојат најмалку 65 % од бодовите ќе бидат повикани на интервју во канцелариите на ЗЕЛС во Скопје

За оваа работна позиција е предвидена основна нето плата во износ од 30,783,00 денари.


Заинтересираните кандидати своите поднесоци во состав: Биографија, препорака (препораките не се задолжителни) и писмото за интерес треба да ги достават најкасно до 16.11.2018 година, на адреса:

Заедница на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија - ЗЕЛС,

ул. “Копенхагенска” бр. 5, П.Ф. 32, 1000 Скопје, или

е-маил: contact@zels.org.mk



 

Ве молиме без телефонски јавувања.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју и тестирање во канцелариите на ЗЕЛС во Скопје



 



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.