ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Комисијата за следење на развојот на системот за финансирање на општините ја одржа 32-та седница во просториите на ЗЕЛС
5 јули 2018
 

Комисијата за следење на развојот на системот на финансирање на единиците на локалната власт, на 4 јули, 2018 година, ја одржа 32-та седница. На седницата беа разгледани и усвоени предлог - уредбите за методологиите за утврдување на критериуми за распределба на блок дотациите: за култура; за основно и за средно образование; за градинките и за домови за стари. На оваа средба, членовите од ЗЕЛС ги поканија и претставниците од донаторските организации присутни во Република Македонија, кои поддржуваат проекти од областа на локалната самоуправа.

Претставничката од МОН посочи дека за следната година предвидено е зголемување на блок дотациите за образование и дека во формулата нема поголеми промени освен одредени подобрувања во финансирањето предвидено за децата со посебни потреби. Според анализите, од утврдените средства во основното образование, 84% ќе се потребни за исплата на платите на наставниците, а во средното образование повеќе од 70% за платите и 20% за превоз на учениците. Со оглед на континуираното намалување на бројот на ученици, од МОН препорачаа општините посериозно да пристапат кон спроведување на рационализација на општинските училишни мрежи, преземање на мерки на заштеда на енергија, подготовка на поиздржани јавни набавки за превоз на учениците и слично.

Претседателот на Комисијата за финансирање, Аце Коцевски, посочи дека недостатокот на финансиски средства во сите блок дотации е евидентен а особено во образованието, каде независно и од заложбите за „домаќинско работење“ на општините, средствата не се доволни за спроведување на надлежностите. Во таа насока, тој посочи дека треба да се пристапи кон преиспитување на ефектите од досегашниот концепт на организираност на имплементирање на децентрализацијата на власта во земјава како и да се изготви компаративна анализа на организираноста на овој систем во земјите од ЕУ и од регионот, чии добри искуства може да послужат како основа од каде ќе се предлагаат идните препораки за ревидирање на досегашниот концепт на организираност на локалното владеење. Всушност тоа беше и причината што на состанокот беа поканети претставници од странските донаторски организации од кои беше побарана поддршка околу изработката на вакви квалитетни анализи. Со оглед на краткиот рок на закажување на седницата, присуствуваа само претставници од УНДП и од Светска банка кои ги презентираа нивните актуелните проекти во земјава, досега подготвените анализи во оваа насока и можностите за ваква поддршка. Беше констатирано дека досега се анализирале повеќе расцепкани сегменти од локалното владеење, па затоа е потребена пообемна анализа која ќе даде еден сеопфатен пресек на досегашните позитивни страни, но и на слабостите, како и препораки за понатамошниот развој на организираноста на локалната власт во земјава.





назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.