Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Потребно е креирање на Предлог –буџет поразбирлив за советниците и за граѓаните
21 декември 2018
 

 

Првата координативна средба на Работната група за финансирање и буџет, составена од 23 претседатели на општински совети се одржа на 20 декември, 2018 година, во Скопје.  Станува збор за една од седумте работни групи, чии членови ќе ги надградуваат своите знаења за надлежностите на општините, за кои општинскиот совет донесува одлуки, меѓу кои се од областа на урбанизмот, локалниот економски развој, еднаквите можности и друго Овие групи се формирани во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети“, што го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со ЗЕЛС, со Здружението на финансиски работници, UN Women, МЛС и МФ, а со финансиска поддршка на Швајцарската Агенција за соработка и развој.

Присутните беа запознаени со Компаративниот извештај за општински приходи и расходи, каде меѓу другото е посочено дека повеќе од 60% од средствата со кои располагаат општините се добиени од трансфери од централната власт. Подетално беа разгледани сите блок дотациите што ги добиваат општините, како и методологиите за распределба на овие средства. Се говореше и за сопствените општински приходи и потребата за поголема ангажираност на локалната власт во нивното собирање. Како пример беше посочена потребата од комплетно евидентирање на данокот на имот, репроценка на вредноста на објектите според актуелната методологија и потребата за целост наплата на истиот. Беше нагласена и потребата за иницирање на нови методи или искористување на расположливите законски можности со кои ќе се придонесе во зголемувањето на сопствените приходи. Присутните посочија на постоење на голем број подрачја со легализирани објекти, за кои се уште не се изработени детални урбанистички планови. Беше предложено ова прашање да се отвори на следната седница на Комитетот на совети при ЗЕЛС. Како еден од поважните предизвици со кои се соочуваат советниците беше нагласена и потребата за креирање на Предлог –буџет што ќе биде поразбирлив за советниците и за граѓаните. Предложија за ова тема да дискутира и Комитетот на советите при ЗЕЛС, бидејќи разгледувањето на буџетот е многу важна обврска за Советот и затоа треба истиот да биде прилагоден или поедноставно претставен пред Советот и граѓаните, односно истиот да биде разбирлив, со цел да се донесат соодветни одлуки.

На присутните им беше презентирана и електронската платформа за учење www.opstinskisoveti.mk која е достапна за секој од 1347 советници и која освен размена на информации и можности за стекнување со нови знаења, советниците ќе може, исто така да ја користат и за взаемна, oneline комуникација, за размена на идеи, искуства, за одредени теми, прашања и документи од значење за успешна работа на секој општински совет. Присутните беа охрабрени за сите предизвици, теми и иницијативи да ги изнесуваат на овие средби, со цел нивно натамошно канализирање и изнаоѓање на адекватни решенија,





назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.