Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Потребна поголема соработка меѓу локалната и централната власт за разрешување на прашања од животната средина и комуналните активности
26 март 2019
 

За претседател на Комисијата за животна средина и комунални дејности на ЗЕЛС е избран Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар. Така се изјаснија членовите на ова тело, на конститутивната седница, што се одржа на 19 март, 2019 година. Членовите на комисијата беа запознаени со досегашните активности на ЗЕЛС во областа на животната средина и во областа на комуналните дејности, а беше изложен и кус пресек на законската регулатива што се имплементира во двете области, во кои е опфатена материјата што ги засега сите локални власти.

Беше посочено дека во делот на правното регулирање на прашања од заштита на животната средина, основен е Законот за заштита на животната средина, од кој произлегуваат поединечните законски акти, како за регионално управување со отпад, за води, за квалитет на амбиентниот воздух, за заштита на природата, за заштита од бучава, управувањето со специфичен селектиран отпад: пластика, електрична и електронска опрема, акумулатори и батерии. Во делот на комуналните дејности, пак, се регулира основањето и работењето на локалните јавни комунални претпријатија, урбаното зеленило, уредувањето на јавните површини, домување, гробишта и погребални услуги и други.

Беше посочено дека минатата година во месец март, градоначалниците дискутираа со претставниците од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) за имплементацијата на проектотВоспоставување на интегрирано регионално управување со отпадот во Република Северна Македонија“ за чија реализација беше предложено времено преземање на обврските на општините во делот на депонирањето на отпадот. Општините времено и ја отстапија оваа надлежност на Владата на република Северна Македонија, со цел да се забрза процесот на инвестиции во регионални депонии, во согласност со Националната стратегија за управување со отпад. Од тогаш до денес, поради нерешената состојба, дел од општините поединечно се обраќаат до Министерството за животна средина и просторно планирање со барање за одредување локација за времена депонија.

Спроведувањето на регулативата за водите, минатата година доби нова димензија со регулирање на тарифирање на водните услуги, надлежност што ја презеде Регулаторната агенција за енергетика. Во таа насока, единиците на локалната самоуправа и јавните комунални претпријатија, преку АДКОМ, интензивно работат на спроведување на новата законска обврска за утврдување на цената на водните услуги. Како голем предизвик, особено во зимскиов период, за поголем број градови претставуваше драстичното зголемување на нивото на загаденост на воздухот, каде локалните власти имаат одредени обврски за преземање на мерки за негово намалување, што претставува многу комплексна материја.

Во делот на работењето на јавните комунални претпријатија беше посочено дека преку одредени проекти спроведени од ЗЕЛС, се работеше на и на подобрување на перформансите и управувањето со Јавните комунални претпријатија (ЈКП). Членовите беа информирани за досегашните иницијативи за раздвојување на отпадниот и водниот сектор од јавните комунални претпријатија, онаму каде што истите функционираат под едно правно лице, заедно со имплементирање на другите комунални дејности, на нивно групирање или регионализација. Голем број општини имаа негативен став по ова прашање, односно посочуваа дека повеќе од ваквите претпријатија функционираат оптималното, а исто така изразија загриженост како ваквото преструктуирање ќе влијае на квалитетот и достапноста на овие услуги за граѓаните.

Членовите на Комисијата беа едногласни во забелешката дека речиси сите општини се соочуваат со одредена блокада или делумна инертност на одговорните институции од централната власт, при реализацијата на одредени законски постапки или активности од локално надлежност, каде е потребно изјаснување или соработка и со центрата власт. Тие посочија и на слабата комуникација и соработка од нивна страна. Присутните посочија дека генерално треба да се работи на зголемување на свеста кај граѓаните, но и кај претставниците од стопанството, за почитување на законските прописи и одржувањето на чиста животна средина. Беше изнесено дека локалните власти спроведуваат низа акции за чистење на диви депонии, но за краток период истите повторно се пополнуваат. Од тука произлегоа и предлозите за дискусија за следниот состанок на комисијата во насока на предлагање на најдобрите начини за разрешување на бројните проблеми во овие области, почнувајќи од иницијативи за законски измени, дополнително регулирање на општината инспекциска служба, организирање на помасовни акции за расчистување на сметот или кампањи за зголемување на свеста кај граѓаните и слично.

назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.