ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Управниот одбор на ЗЕЛС ја одржа тринаесеттата седница
17 март 2017

Управниот одбор на ЗЕЛС, на 17 март, 2017 година, во просториите на Заедницата ја одржа тринаесеттата седница на која беше разгледано доставеното известување од Министерството за локална самоуправа на Р.М, во врска со прашањето за времетраењето на мандатите на избраните градоначалници и членови на советите на единиците на локалната самоуправа, во услови кога не беа распишани локалните избори, во законски предвидениот рок.

Во пристигнатото известување пишува: Имајќи го во предвид мислењето на Министерството за правда бр. 23-1141/2 од 15.03.2017 година во однос на конкретното прашање, како надлежно министерство за вршење на работите што се однесуваат на изборниот систем, а со цел заштита на правото на граѓаните на локалната самоуправа преку обезбедување на континуирано вршење на локалната власт, како една од главните основи на секое демократско уредување, и како уставно право, ве известуваме дека согласно мислењето под наведениот број и дата, постојните членови на советите на општините и постојните градоначалници можат да ги извршуваат своите, со Закон, утврдени надлежности до завршувањето на рокот определен од членот 16 став (1) од Изборниот законик, односно до крајот на првата половина на месец мај .



По дискусијата на присутните градоначалници и претставници од советите на општините беше заклучено дека се поддржува доставеното мислење од страна на Министерството за локална самоуправа, за траење на мандатите на градоначалниците и советниците до 15 мај, 2017 година, при што беше упатен апел за обезбедување на услови за побрзо распишување на локалните избори, бидејќи во спротивно ќе настане состојба кога општините и институциите кои се под општинска надлежност: училишта, градинки, културни установи, јавни претпријатија, противопожарни единици не ќе можат да ги извршуваат своите надлежности.

На оваа седница присутните членови на Управниот одбор донесоа одлука деветтата седница на Генералното собрание на ЗЕЛС да се одржи во на 24 април, 2017 година, во Прилеп.



назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.