Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Уо на ЗЕЛС ја одржа неговата деветта седница
23 мај 2019


Управниот одбор на ЗЕЛС на 22 мај, 2019 година ја одржа деветата седница. На седницата беше усвоен финансискиот извештај на ЗЕЛС за 2018 година. Точка на дневниот ред беше и утврдувањето на датумот на одржување на четвртата седницата на Генералното собрание, за што УО го овласти претседателството да го утврди истиот. Имено, претседателот треба да се координира со Владата, и се предложи на седницата на ГС да и претходи средба на членовите на Управниот Одбор на ЗЕЛС со претставници на Владата. На тој состанок е потребно да се разговара за сите предизвици со кои се соочуваат општините при спроведување на нивните надлежности и овој настан да се искористи за водење на таканаречени буџетски преговори со Владата. Тоа е дел од барањата на ЗЕЛС навремено да се планираат сретствата за блок и наменски дотации, на почетокот на процесот на подготвување на Буџетот на државата и соодветно да се види можноста за исполнување на барањата на општините. Членовите на УО одлучија новоизбраните градоначалници на општините: Дебар, Ново Село и Охрид да продолжат да членуваат во комисии и делегации, кои ги составува ЗЕЛС како што биле назначени нивните претходници. Одлуката за нивна инкорпорираност во телата и органите ќе ја донесе Генералното Собрание на ЗЕЛС, кое единствено има таква надлежност.

На седницата учествуваше претседателот на Мрежата за ТППЕ при ЗЕЛС, кој пред членовите на УО ги претстави систематизираните барања на претставниците на ТППЕ и тоа проблемот со застарената и дотраена опрема, проблемите со статусот на пожарникарите и неусогласениот начин на исплата на плати и други надоместоци, проблемот со многуте судски постапки кон општините од страна на пожарникарите како и соработката со Дирекција за заштита и спасување. УО заклучи да се направи анализа за опремата со која располага ДЗС а која би се донирала на ТППЕ, и заклучи што поскоро да се организира состанок со претставниците од Владата на оваа тема, со цел изнаоѓање на трајно решение за многуте проблеми со кои се соочуваат општините во спроведувањето на оваа надлежност.

На седницата беше претставен предлог –проект на Владата за остварување на енергетската ефикасност во областа на јавното осветлување, за што УО се произнесе позитивно со препорака да се внимава на спецификите на секоја општина, како и на степенот на реализација на слични проекти, на кои дел од општините им имаат пристапено. Потребно е да се направи подлабока анализа на условите за спроведување на овој проект.

Беше формирана работна група за утврдување на форми на унапредување на соработка на општините со АД “ЕВН”, Скопје. Градоначалникот на Куманово е избран да биде носител на активности на работната група од страна на ЗЕЛС.

На седницата под точка разно беа утврдени 10 општини на кои компанијата КНАУФ ќе им донира опрема за акустична изолација за по една училница во училиштата. Ова е заеднички проект на КНАУФ, кој на овој начин сака да ги одбележи 25те години на своето работење.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.