ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
ИНФОРМАЦИЈА-Од состанокот на Комисијата за следење и оценка на исполнетост на условите за преминување во втора фаза од процесот на фискална децентрализација
17 февруари 2010

Комисијата за следење и оценка на исполнетост на условите за преминување во втора фаза од процесот на фискална децентрализација, ја одржа дванаесеттата седница на 17 февруари. Претставници на ЗЕЛС во оваа комисија се : Коце Трајановски, градоначалник на Град Скопје, Љупчо Којчиновски, градоначалник на Дебарца и Бесим Велиу, градоначалник на Зајас.

По усвојување на записникот се премина на втората точка од дневниот ред, која се состоеше од презентација на извештајот за евалуација на исполнетоста на условите на општините за преминување во втора фаза од процесот на фискална децентрализација, а врз основа на доставените квартални извештаи за периодот 1.10.2009 до 31.12.2009 година. Евалуацијата покажа дека четири општини ги исполнуваат условите а тоа се: Демир Капија, Другово, Кичево и Студеничани. Комисијата својата препорака ќе ја достави до Владата, која по усвојување на истиот, ќе треба да ги задолжи ресорните министерства за изготовка на блок дотациите за финансирање на децентрализираните надлежности.

Анализата покажа дека се уште постојат 4 општини, кои не го исполнуваат условот за прва фаза на фискална децентрализација. Затоа се задолжи ЗЕЛС и МЛС, да стапат во контакт со наведените општини и да им помогнат, или посредуваат во исполнување на критериумите.

Останатите општини пак, кои не можат да ги исполнат условите за влез во втора фаза, се соочуваат со проблем со блокираните сметки. Министерството за финансии веќе стапило во контакт со неколку од нив, со цел да им помогне со давање на позајмици, на една или повеќе години, согласно последните измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Услов кој се бара од општините е да стапат во преговори со доверителите и да ги отпишат каматите на долговите, а при тоа да ги исполнуваат условите за добивање на позајмица.

Потоа комисијата ги разгледа и дотациите од ДДВ за 2010 година, кои се зголемени со 0,4% во однос на дотациите за 2009 година. Податоците покажуваат дека не постои општина која ќе добие под 4 милиони денари, на годишно ниво, што е поволно за руралните општини.

Резултатите од евалуацијата покажаа дека 12 општини не доставиле квартални извештаи, што е прекршок казнив согласно законот. ЗЕЛС треба да ги потсети сите свои членки, уште еднаш, да не ја забораваат оваа своја обврска.

На состанокот се спомна и Колективниот договор, согласно кој општините треба да го пресметаат и зголемувањето на платите на просветните работници, па се обрна внимание тој да биде земен во обзир.

Претставниците на ЗЕЛС, замолија на следниот состанок на Комисијата да се изготви и анализа на финансиските сретства, поединечно по општина, за остатокот кој се појавил на нивните конта на крајот на 2009 година, а се однесува на надлежноста образование.

Претставници на ЗЕЛС го поставија и прашањето за можност за краткорочни позајмици од Владата на општините, мислејќи притоа на општини кои се наоѓаат во втората фаза на фискална децентрализација. Одговорот од претставниците на министерство за финансии беше дека таква практика е согласно закон и дека општините кои имаат потреба од такви краткорочни позајмици за надминување на состојба на неликвидност треба да достават барање до министерството за финансии, а таму секој случај поединечно ќе се разгледува.



назад


Преземени вести
Претседателот Иванов во Брисел на средби со Баросо и Филе
(09.09.2010)
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов придружуван од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска во рамки на дводневната работна посета на Брисел ќе оствари средби со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
 
Задолжителна пракса за студентите, најави Министерството за образование
(09.09.2010)
Практичната настава за студентите од оваа студиска година станува задолжителна. За да запишат следна година мора да поминат 30 дена практична работа во приватна компанија или јавна институција.
 
Српската предлог-резолуција за Косово пред Генералното собрание на ОН
(09.09.2010)
Генералното собрание на Обединетите нации денеска ќе расправа за српската предлог-резолуција за Косово.
 
Шест луѓе загинаа во шумските пожари во Казахстан
(09.09.2010)
Во шумските пожари што го зафатија северниот дел на Казахсатн загинаа шест луѓе. Огнот се прошири и во соседна Русија.
 
Светскиот економски форум: Швајцарија најконкурентна, Македонија на 79 место
(09.09.2010)
Швајцарија и во најновото рангирање, останува најконкурентна земја во светот, објави денеска Светскиот економски форум (World Economic Forum).
 
Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам
(09.09.2010)
Муслиманите во Република Македонија, како и целиот исламски свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии ќе се служи утрински Бајрам-намаз.
 
Задолжителна пракса за студентите, најави Министерството за образование
(09.09.2010)
 
МВР Билтен
(09.09.2010)
 
Приведен скопјанец осомничен за криминал со платежни картички
(09.09.2010)
 
Во манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка почна традиционалната ликовна колонија
(09.09.2010)
 
Во Битола се одбележува празникот на муслиманските верници Рамазан Бајрам
(09.09.2010)
 
Честитка од претседателот Иванов до муслимансктие верници по повод Рамазан Бајрам
(09.09.2010)
 
Честитка од претседателот на Собранието по повод еврејскиот празник Рош Хашана
(09.09.2010)
 
„Гардијан“: Србија сепак попушти пред притисокот на ЕУ и на САД за резолуцијата за косовската независност
(09.09.2010)
 
Продолжува штрајкот на вработените во грчката железница и градскиот транспорт
(09.09.2010)
 
Српската предлог-резолуција за Косово пред Генералното собрание на ОН
(09.09.2010)
 
Реџепи: Очекуваме дијалог меѓу две независни држави
(09.09.2010)
 
Судот во Белград одби Ратко Младиќ да го прогласи за мртов
(09.09.2010)
 
До Генералното Собрание на ОН поднесена редефинираната српска резолуција за Косово
(09.09.2010)
 
Генерал Билер: Северот на Косово и понатаму останува најголемиот предизвик за КФОР
(09.09.2010)
 
Најмалку осуммина загинати во две експолозии на аеродромот во Могадишу
(09.09.2010)
 
Две лица загинаа во терористички напад во Пакистан
(09.09.2010)
 
По шест месеци заложништво ослободен британско-пакистанскиот новинар
(09.09.2010)
 
Светскиот економски форум: Швајцарија најконкурентна, Македонија на 79 место
(09.09.2010)
 
Во Мексико убиен уште еден градоначалник
(09.09.2010)
 
Силен земјотрес регистриран во Чиле
(09.09.2010)
 
Десетмина загинати во терористички напад во Пакистан
(09.09.2010)
 

Гласило


Архива на ЗЕЛС
http://arhiva.zels.org.mk/


© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.