Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Општините очекуваат најмногу специјализирани обуки од ЗЕЛС Тренинг Центарот
28 јануари 2019
   

На 24 јануари, 2019 ЗЕЛС Тренинг Центарот организираше работилница со секретари и преставници од секторите/одделенијата за УЧР од општините со цел идентификување и презентирање на потребите на општинската администрација од обуки кои би биле дел од Планот за обука на ЗЕЛС за 2019 година. По претходно испратениот концепт за годишниот план за обука, присутните од општините предлагаа теми и отворија прашања и дилеми кои сметаат дека треба да бидат дел од обуките за 2019 година со цел поефикасно извршување на работините задачи од страна на администрацијата.

Предлозите кои беа понудени се однесуваа на темите: урбанизам, право, финансии, локален економски развој, животна средина, образование, ЕУ, пожарникарство, управување со човечки ресурси, односно од области каде општините имаат надлежност.

Од ЗЕЛС Тренинг центарот ги забележаа предлозите кои треба да бидат дел од годишниот план за обуки и објаснија за текот на изработката и комплетирање на овој документ кој се изработува проактивно од страна на општините. Овој пат тоа го направивме преку вклучување на секретарите кои се во непосредна комуникација со општинската администрација и најдобро ги знаат потребите и проблемите на истата.

Годишниот план за обуки со предлозите ќе биде подготвен од страна на ЗЕЛС Тренинг Центарот, а потоа ќе биде доставен на мислење повторно до општинските секретари со цел интерно да го споделат со општинската администрација и по сублимирање на евентуалните нови предлози и мислења ќе биде предаден на разгледување на УО на ЗЕЛС.

Планот за обуки треба да биде финализиран и ставен во функција веќе од месец февруари, 2019.

Секретарите сметаат дека ваквите средби се од корист за размена на искуства и мислења и дека ЗЕЛС е местото каде најорганизирано и ефикасно се прави тоа, при што се покрена иницијатива за формирање на мрежа на секратари на општините при ЗЕЛС.





назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.