ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Mакедонија -ЗЕЛС, има потреба од вработување на: Еден (1) извршител на работно место Советник за обуки, и Еден (1) извршител на работно место Советник за нормативно - правни работи
15 декември 2017
 

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Mакедонија -ЗЕЛС, има потреба од вработување на:

Еден (1) извршител на работно место Советник за обуки, и

Еден (1) извршител на работно место Советник за нормативно - правни работи

1. Општи потребни квалификации за еден (1) извршител на работно место Советник за обука:

  • Универзитетска диплома,
  • Познавање на процесот на периодично и годишно планирање и програмирање на обуки,
  • Познавање на процесот на организирање обуки,
  • Одлично писмено и устно познавање на англиски јазик,
  • Одлични организациски способности и искуство во организирање, испорака и спроведување на настани, обуки, семинари во Скопје и во други градови во РМ,
  • Подготовка на презентации и одлични вештини на презентирање,
  • Искуство во подготовка и спроведување проекти од меѓународни финансиски програми
  • Одлично познавање на процесот на развој на проекти
  • Одлично познавање на финансиските програми на ЕУ, особено достапните за Република Македонија, со акцент на намена на проекти за општините
  • Одлично познавање на Инструментот за пред-пристапна помош (ИПА)
  • Познавање на алатки и методи за реализација на проекти од ЕУ и други финансиски програми
  • Одговорен/а и подготвен/а да работи независно и во тим
  • Компјутерски вештини
  • Возачка дозвола
    • Опис на работното место:

1. Изготвување на предлог програми за обука (во соработка со единиците на локалната самоуправа и стручниот тим на ЗЕЛС) и преземање на активности за нивно спроведување а особено на:

· Програми кои се однесуваат на континуираниа стручна обука на општинската администрација;

· Програми за развој на човечки ресурси;

· Програми за финансиско управување и буџетирање;

· Програма за ориентациони и воведни обуки на градоначалници и членови на Советите на општините;

· Програми за професионални и етички стандарди на локалната администрација;

· Програми за обезбедување висок квалитет на општинските услуги;

· Програми за обуки за искористување на ИПА фондовите

· Програми за обука кои се однесуваат на креирање алатки и методи за развој на проекти

· Програми за поддршка на општините за изготвување одржливи и соодветни проекти,

· Програми за поддршка на процесот на градење на локалните институции,

· Програма за усовршување на методите и алатките за градење на капацитети,

· Програми за сертифицирање во поедини области,

2. Испорака на обуки

  1. Спроведување на логистички и организиациски активности за спроведување активности за градење на капацитети
  2. Други програми кои ќе ги утврдат органите и телата на ЗЕЛС,
  3. Координација на активностите за спроведување и испорака на обука,
  4. Редовно одржување и ажурирање на базата на податоци за обуките
  5. Спроведување на методологија за утврдување на потребите за обука
  6. Планирање и организирање на други настани за градење капацитети на општинската администрација (конференции, манифестации, конвенции, состаноци, семинари)
  7. Изработка и надзор на буџетите што ќе ги поддржат наведените активности
  8. Изготвување на извештаи и анализи.
  9. Да врши и други работи кои ќе му ги определи непосредниот раководител и Извршниот директор а се поврзани со делокругот на работата на ЗЕЛС.

2. Општи потребни квалификации на еден (1) извршител на работно место Советник за нормативно - правни работи:

· Високо образование – Правен факултет;

· Најмалку 3 години соодветно работно искуство во областа на нормативно - правните работи;

· Напредно познавање на законската регулатива од областа на локалната самоуправа, работните односи и заштитата при работа, јавните набавки, заштитата на личните податоци.

· Општи познавања на прописите со кои се уредуваат областите во надлежност на единиците на локалната самоуправа во Репбуликата.

  • Одговорен/а и подготвен/а да работи и независно и во тим
  • Компјутерски вештини MS Office апликации, користење на меил и веб
  • Одлично писмено и устно познавање на англиски јазик,
  • Возачка дозвола

o Опис на работното место:

· Подготовка на нормативно - правни акти, изготвување на решенија, договори во врска со остварување на правата од работен однос на вработените во стручната служба на ЗЕЛС.

· Спроведување на постапки за јавни набавки согласно Закон и изготвување на пропратни правни акти во пoстапките, вклучително и следење на ажурноста и роковите во постапките за што навремено го известува непосредниот Раководител.

· Изготвување на анализи, прибирање на систематизирани податоци за потребите на единиците на локалната самоуправа, обработка на информациите, изготвување на иницијативи за подобрување на прописите и други активности поврзани со развојот на системот на локална самоуправа во Републиката;

· Следење на прописите предмет на работа на работните тела и органи на заедницата;

· Изготвување и подобрување на работните текстови произлезени од работните тела и органи за ЗЕЛС;

· Работникот врши и други работи кои ќе му ги определи непосредниот Раководител и Извршниот директор а се поврзани со делокругот на работа на ЗЕЛС.

· Способности и вештини:

· Комуникациски вештини, самоиницијативност и проактивност, висок степен на креативност и флексибилност, аналитичност, способност за решавање на проблеми, тимска работа, способност за работа под притисок на рокови, посветеност на работата.

4. Начин на спроведување на избор на кандидат

o За работно место под точка 1. :

  • Спроведување писмен прашалник од областа согласно потребните квалификации (види точка 1)
  • Интервју пред конечен избор.

o За работно место под точка 2. :

· Писмен испит за тестирање на знаење во кој ќе се содржат прашања од областите опишани како работни задачи и квалификации,

· Интервју пред конечен избор на селектираните кандидати по писмениот испит.

5. Месечна плата:

o За работна позиција под точка е предвидена плата во нето износ од : 30.783,00 денари , и

o За работна позиција под точка е предвидена плата во нето износ од: 29.595,00 денари.

Биографијата, најмалку една препорака (препораките не се задолжителни) и писмото за интерес треба да се достават во рок од 8 (осум) дена по објавување на огласот во дневен весник, на адреса: ЗЕЛС, Копенхагенска бр.5, Поштенски фах 32, 1000, Скопје или на contact@zels.org.mk.

Само селектирани кандидати ќе бидат поканети на интервју.

Без телефонски јавувања.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.