Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Апел до младите за поголемо учество во креирањето на социо-политичкиот живот во нивната општина
20 декември 2019
 

-„Општините реализираат разновидни активности за поддршка на својата младина и најчесто тоа го спроведуваат преку самите средни училишта кои се во надлежност на општините. Поддржуваат талентирани ученици, спортисти, реализираат активности за младите во областа на културата, но исто така се залагаат и за нивно поактивно вклучување и во јавни расправи и дебати кои се однесуваат на сите прашања од локално значење. Од пред десетина години општините започнаа со институционализација на нова форма на организирање на младите-,, Локален младински совет (МЛС)“. Општинските советници во повеќе од 2/3 од општините донесоа одлуки за формирање на младински совети, направени се измени во општинските статути, објавени се конкурси за пријавување на членови, донесени се деловници за работа на овие тела и програми, по што беа формирани вкупно 63 ЛМС“

Ова го истакна Душица Перишиќ, извршна директорка на ЗЕЛС на конференцијата за социјално –политичко учество на младите „Апатија, оптимизам или разочараност“, што се одржа на 18 декември, 2019 година во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, во организација на Фондацијата за демократија на Вестминстер и Младински образовен форум. Таа посочи дека според последните информации за актуелната функционалност на овие младински совети, што ЗЕЛС ги доби од општините, утврдена е голема шареноликост. Некои младински совети функционираат активно во континуитет, како на пример во општините:Берово, Велес, Македонска Каменица, Штип и други. За некои совети, во тек се постапките за утврдување на нов состав, поради истечен мандат на членовите. Она што остави голем впечаток од изјаснувањето на општините, истакна Перишиќ е што дел од локалните власти истакнаа дека младите не се пријавуваат на јавниот повик од општината, односно не сакаат да бидат членови на овој совет. Според Перишиќ, тоа говори дека е потребна поголема меѓусебна соработка од двете страни, обезбедување на услови од страна на општината но, и желба кај младите за поактивно вклучување во социо-политичкиот живот во нивната општина. При тоа, директорката на ЗЕЛС апелираше до младите, присутни на овој настан, да вршат поголем притисок до локалната власт за остварување на своите барања и потреби, да се проактивни со свои предлози и идеи за се што сметаат дека ќе доведе до подобар живот не само на младите, туку на сите граѓани.

На конференцијата присуствуваше и министерот за образование, Арбер Адеми, претставник од Клубот за младински прашања при Собранието на РСМ, од Агенцијата за млади и спорт, од Агенција за аудио и визуелни медиумски услуги, како и голем број млади средношколци и претставници од невладини организации. Забелешките на младите најмногу беа насочени кон потребата за подобар образовен процес, обезбедување на разновидни форми за вклучување на „ гласот“ на младите во институции и при креирање на одлуки и политики, подобра економска состојба во земјата за да престане масовното иселување, но и деполитизација во сите сегменти од општественото живеење .

На конференцијата беа изнесени и резултатите од студијата на Вестминстер фондацијата - „Апатија, оптимизам или разочараност“, каде меѓу другото беше изнесено дека 85 отсто од младите се жалат дека никогаш не биле консултирани од централната или локалната власт; осум од десет млади луѓе сметаат дека државата воопшто не е заинтересирана и не се грижи за нив, а истовремено 71 отсто признаваат дека никогаш не биле општествено активни, односно само 7 отсто преземале нешто за да решат некој специфичен општествен проблем.

назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.