Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Ќе се одржи конференција на локалната со централната власт - „Децентрализација: Патот што претстои“ и третата седница на Генералното собрание на ЗЕЛС
13 декември 2018
 

 

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија –ЗЕЛС на 14 декември, 2018 година (петок) со почеток во 10.00 часот во хотелот „Александар палас“ Конгресна сала 4, организира Конференција „Децентрализација: Патот што претстои“, поддржана од Мисијата на ОБСЕ во нашата земја.

Станува збор за средба меѓу претставниците на локалната и централната власт. Градоначалниците како и претставниците на Комитетот на советите при ЗЕЛС ќе дискутираат со повеќе министри од Владата на Република Македонија, предводени од Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

Меѓу поканетите министри се и заменичката на претседателот на Владата и Министерка за одбрана, Радмила Шекеринска; Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, Министерот за финансии, Драган Тевдовски; Министерката за труд и социјала, Мила Царовска; Министерот за култура, Асаф Адеми, Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов. На конференцијата се поканети и повеќе амбасадори во нашата земја.

Оваа конференција претставува продолжување на досега воспоставената успешна соработка што ја градат општините со Владата на Република Македонија. Ќе бидат изнесени предизвиците со кои се соочуваат единиците на локалната самоуправа при спроведувањето на своите надлежности, како и одредени ставови и барања упатени до централната власт кои се во насока на градење на финансиски стабилни општини што ќе бидат во можност да испорачуваат квалитетни услуги за граѓаните .

Истиот ден, во истата сала, но со почеток во 14.00 часот, највисокото тело на ЗЕЛС, Генералното собрание на ЗЕЛС ќе ја одржи третата седница на која ќе бидат разгледани одредени предизвици со кои се соочуваат локалните власти во своето работење, а ќе се дискутира и за одредени документи од значење за работењето на Заедницата.





назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.